БТ ги претвора кутиите за инсталација во станици за полнење на електрични автомобили


Британската телекомуникациска групација БТ планира да инсталира опрема за полнење на електрични возила во уличните „ормари“ со кабли во пилот-проект што би можел да постави основа за мрежа од 60.000 нови точки за полнење. Првата станица за полнење ќе биде инсталирана во шкотскиот Источен Лотиан, објави БТ, додавајќи дека ќе ја тестира опцијата и на […]

Електричните автомобили стануваат пријатели со климата дури по 65.000 километри


Климатскиот ефект од користењето електричен автомобил станува позитивен само кога возилото поминало 65.000 километри, под услов да се полни со таканаречената зелена струја. Ако се напојува со електрична енергија добиена од, да речеме, јаглен, почетокот на придобивките се поместуваат на 90.000 км. Ова го пресмета Здружението на германски инженери (VDI) за извештајот објавен во понеделникот, […]

Инвестицијата за електрични автомобили во Тетово чека Владата да одобри закуп на земјиштето


По 11 месеци разговори, компанијата која планира инвестиција за електрични автомобили во Тетово потпиша договор со три домашни градежни фирми за изградба на објектот. Моментно се чека Владата да даде согласност на договорот за закуп на земјиште, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски. Како што оцени Деспотовски, работите […]

Научниците развиваат „сончеви дрвја“ за полнење на електричните автомобили


Тим истражувачи од Универзитетот Шефилд работи на развој на прототип на „сончево дрво“ што може да ги полни електричните автомобили. Универзитетот работи со SolarBotanic Trees за заеднички да развијат прототип подготвен за производство. Овие „соларни дрвја“ ќе бидат поставени на „естетски чувствителни локации“ и лесно ќе се вклопат во околината. Тие ќе се состојат од […]

Што ќе се случи ако сите се префрлиме на електрични автомобили?


Во последниве години, возачите ширум светот беа повикани да побрзаат со преминот кон електрични автомобили, но транзицијата генерира многу сомнежи и процесот се одвива со бавно темпо. Едно од главните прашања е дали сме подготвени на енергетско ниво да се снабдуваме со електрична енергија? Bloomberg направи анализа за да одговори на тоа прашање. Според податоците, […]

Електричните автомобили поскапуваат побрзо од оние со класичен мотор


  Додека инфлацијата во Германија е невообичаено висока, новите електрични автомобили поскапуваат побрзо од оние со мотори со внатрешно согорување, покажа едно истражување. Каталошката цена на 15-те најпопуларни електрични автомобили во август била за 14,5 отсто повисока од претходната година, што значело просечно зголемување на цената од 5.385 евра, соопшти Центарот за истражување на автомобили. […]

Во Тетово ќе се произведуваат електричните автомобили e.GO


Во Македонија ќе се произведуваат електричните возила e.GO. Мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово, ќе отвори 3-4.000 нови работни места, се вели во соопштението од денешната седница на Владата. Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се […]

Станува ли возењето со електричен автомобил поскапо отколку со дизел


До пред неколку месеци, еден од мотивите за купување електрични автомобили беа три до четири пати помалите трошоци за возење. Сепак, драстичниот скок на цената на струјата ја прави употребата на „дизелот“ поевтина и за една третина во споредба со помодерната конкуренција. Така, купувачот на електричниот автомобил се нашол во ситуација новото возило не само […]

Уште еден автомобилски гигант инвестира во батерии за електрични возила


„Порше“ планира да изгради фабрика за батерии во Ројтлинг, на југот на Германија, објави во петокот партнерот на германскиот производител на спортски автомобили за батерии Celfors. Локацијата е избрана поради поволната положба и близината на партнерите во развојот и индустриското производство на батерии, посочуваат од компанијата. „Физичката близина до што е можно повеќе партнери во […]