Еко-свест со Јавен повик за грантови до 70.000 евра за граѓански организации


Еко-свест ја објавува Програмата за грантови за 2026 година, со цел да ги поддржи граѓанските организации и нивните партнери во предводењето на промените кон праведно и отпорно општество. Македонија се соочува со еколошка ранливост и институционална стагнација. Граѓанските организации имаат клучен потенцијал да бидат „чувари на јавниот интерес“ и партнери во имплементацијата на системски решенија, […]

Итно донесување на нов, бескомпромисен Закон за природата и државно финансирање


Меѓународната конференција за природа, која вчера се одржа во Скопје со наслов „Политиките за природа како основа за заштита“ собра меѓународни чинители од Бернската конвенција, Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), странски донатори и претставници на националните институции. Главниот заклучок од конференцијата е јасен и недвосмислен: итно донесување на нов закон за природа и […]

Реката Дошница нема да биде ставена под привремена заштита, објави Министерството за екологија


  Министерството за животна средина нема да ја стави реката Дошница под привремена заштита оти предлогот за прогласување на заштитено подрачје на клисурата во Демир Капија не е формално доставен до нив. Барањето за привремена заштита на реката, на која ѝ се закануваат две мали хидроцентрали, дојде минатиот месец од граѓански организации и експерти, кои побараа мораториум на изградбата за […]

„Еко-свест“: Плодните земјоделски површини не смеат да служат за производство на електрична енергија


Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, преку соопштение до медиумите бара бара да се преиспита потребата од законски измени со кои се овозможува трајна пренамена на земјоделските земјишта во градежни земјишта за развој на обновливи извори на енергија.   „Нашата загриженост е дека поради предложената можност за трајна пренамена на најплодното земјоделско […]

Изработена е мапа со најсоодветни места за соларни централи во Македонија – ќе ја искористат ли инвеститорите и властите?


Македонскиот енергетски сектор има потенцијал од најмалку 11 GW за сончева фотоволтаична енергија и 0.35 GW за енергија од ветер на деградирано и  неупотребливо земјиште, со што на земјата ѝ се овозможуваат услови да стане лидер во регионалните напори за декарбонизација. Ваквиот потенцијал го потврдува студијата објавена денеска, спроведена од тим експерти од Македонската академија […]

Енергетска ефикасност на домовите: Изводлива, но скапа без соодветна државна поддршка


  Куќа од скопска населба, без изолација, која сега едвај се загрева на дрва со што придонесува и за загадување на воздухот, може да стане три пати енергетски поефикасен објект со исто толку помал учинок врз воздухот кој го дишеме. Но, за тоа треба институционална и парична поддршка бидејќи инвестицијата е голема за просечно семејство […]

Еко-свест: Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово


Државата има правни механизми како да ги раскине договорите за концесиите за малите хидроцентрали кои се изградени во Националниот парк Маврово и со тоа да го запре понатамошните штети врз природата и врз локалните заедници. На терен треба внимателно да се утврди целокупната состојба со овие хидроцентрали од што може да зависи и кој од […]

Работна средба на Зелената група


Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени (Зелена група) денеска ќе одржи работна средба со претставници на невладината организација „Еко-свест“ и Глобалниот еколошки фонд за Нацрт-законот за климатска акција и Фондот за животна средина.

Природата не ни е за распродажба! – порачуваат од Еко-свест


Природата во нашата земја не се зачувува вистински бидејќи власта гледа на заштитените подрачја како на ресурс кој треба да се искористи, а не да се заштити за следните генерации. Загрижени сме бидејќи бизнис интересите се ставаат пред јавниот интерес!, велат од Еко-свест. Во изминатиот период државата поттикна заштита на природата преку прогласувањето на нови […]

Пехчевски од Еко-свест: Потребна е поголема свесност за зелената транзиција од страна на институциите за граѓаните да го земат тоа како пример


Податоците од официјалните мерни станици од Министерство за животна средина и просторно планирање покажуваат дека загадување на воздухот има и во лето, но тогаш не е толку видливо за граѓаните. Аерозагадувањето е актуелно во зима затоа што во тој период атмосферските фактори како влажноста и недостатокот на струење на воздухот го прават видливо, вели Давор […]

Поставување фотоволтаици на деградирано земјиште за брзо производство на струја


Енергетската криза нѐ зачека неподготвени лани, но и за годинава не презедовме ништо посебно да ја дочекаме зимата подготвени, па се враќаме на стари нееколошки извори на енергија, сметаат од Еко-свест. Единственото нешто што може да се направи оваа зима за да се ублажи состојбата со аерозагадувањето е топланите во Скопје да продолжат да работат […]

Дваесет садници од „Еко-свест“ во Градски парк – енергетската криза да биде мотив за енергетска транзиција кон обновливи извори


Урбаното зеленило има важна улога во прочистувањето на воздухот, особено во ова време од годината, поради местоположбата на главниот град, но и засилената урбанизација, а сега дополнително и заради енегргетската криза. Зеленилото трбеба да се чува, негува и проширува секаде каде е возможно, вклучувајќи ги и нашите домови, изјави денеска министерот за животна средина и […]

Еко свест: Јавното здравје мора да биде дел од носењето одлуки во енергетската криза


Последните објавени информации кои се однесуваат на одлуката на АД ЕСМ за тестирање на нови мотори со дизел гориво во топланите Исток и Запад во Скопје по 15 ноември се несериозни и непотребни во услови кога природниот гас е опција како енергенс за овие топлани, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животна средина […]

Нова студија на Еко-свест: За Битола е неисплатливо да има парно од ТЕЦ


Најновите истражувaња од експерти во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ покажуваат дека воспоставувањето на централно греење зависно од ТЕЦ Битола не е нај исплатливото и најефикасно решение за граѓаните. Студијата којашто ги истражува алтернативите за индивидуално и централно греење за Битолскиот Регион, препорачува поврзување на фотоволтаични системи со инвертер […]

Пендаровски: Наш приоритет треба да биде вложувањето во животната средина


Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на одбележувањето на 20-годишнината на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, што се одржа вчеравечер во Скопје. Настанот, кој се одржа под покровителство на претседателот Пендаровски, беше организиран од Еко-свест, како стратешки партнер на Шведската агенција за развој и соработка-СИДА во спроведување на стратешкиот тригодишен […]