УЈП го презентираше системот е-фактура пред банкарскиот сектор


Во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА), Управата за јавни приходи одржа работилница посветена на проектот е-Фактура, на која присуствуваа околу 50 претставници од банкарскиот сектор, соопштија од УЈП. Работилницата претставува уште еден чекор во заедничките напори за дигитализација на процесите поврзани со фактурирањето и јакнење на соработката меѓу институциите и деловниот сектор. Како значаен […]

УЈП и ЗЕЛС одржаа обука за воведување на системот е-Фактура за општините и јавните претпријатија


Во рамките на активностите за подготовка за воведување на системот е-Фактура, Управата за јавни приходи (УЈП) во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) организираше обука на која учествуваа 80 претставници од општините и јавните претпријатија (ЈКП). На обуката беа презентирани функционалностите на овој систем и начинот на неговото користење, како и обврските […]

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура


Стартува третата фаза од проектот е-фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи (УЈП) овозможува тестирање на системот е-фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури, информира денеска УЈП.  Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. […]

Пилот фазата на е-фактура покажува конкретни резултати, верификувани се 396 е – фактури


Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека пилот фазата на националниот систем за е-Фактура успешно се спроведува во реални услови и веќе покажува мерливи резултати кои ја потврдуваат активната подготoвка на деловната заедница за новиот модел на дигитално фактурирање. До овој момент, за тестирањето се најавени 148 компании, од кои 57 успешно се регистрирани […]

Е-фактурата ќе донесе значајни придобивки и за компаниите и за државата, вели директорката на УЈП


 Проектот за е-фактура претставува долгорочна инвестиција, која ќе донесе значајни придобивки и за компаниите и за државата, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, на денешниот настан организиран од Сојузот на стопанските комори на Македонија, каде што деловната заедница се запозна со процесот на воведувањето е-фактура. Таа пред бизнис-секторот потсети дека пилот-фазата на […]

Е-фактурата ќе овозможи поефикасна наплата на даноците и борба против сивата економија, велат Димитриеска Кочоска и Петрова


 Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да овозможи системот е-фактура, што почна да се имплементира во пилот фаза.  Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на прес-конференција рече станува збор за важна реформа што носи повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија и е сериозен чекор во борбата против […]

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура


Од денеска стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто треба да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури. Како што информира неодамна директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова, избран е модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за компаниите ќе биде лесно за примена и интеграција […]

Е-фактурата ќе се тестира од 1 јануари, ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури ќе се минимизира


Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.  Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам,  рече дека е избран модел со […]

Од идната година компаниите ќе се простат со хартиените фактури – УЈП започнува трансформација со е-Фактура


Управата за јавни приходи (УЈП) ја претстави националната платформа за електронско фактурирање – е-Фактура, која најавува суштинска трансформација на даночниот систем во нашата земја. Преку овој систем, секоја безготовинска трансакција ќе биде евидентирана и контролирана во реално време, со цел зголемување на транспарентноста, дисциплината и довербата во фискалниот систем. Процесот на имплементација е организиран етапно […]