Општина Карпош во 2021 година привремено вработила 100 лица, за кои не се знае што работат


Државниот завод за ревизија денеска излезе со извештај за работењето на Општина Карпош, во кој констатира неколку неправилности, како на пример, дека со програмата биле предвидени привремени вработувања на 30 луше, а вработиле 100. Воедно, ревизорите констатирале дека за овие лица не е наведено кои им се работните задачи, туку на приватните агенции за вработување […]

ДЗР со неповолно мислење за работењето на Агенцијата за филм во 2021 година


Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за работата на Агенцијата за филм на сметката на основен буџет 2021 година во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2021 година. Исто така, државните ревизори издадоа неповолно мислење и за […]

Скопски „Водовод“ плаќа 1,9 милиони евра за адвокати за наплата на долг од 1,5 милиони евра


  Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје има искажани, но неплатени обврски кон државниот Буџет за повеќе години наназад во износ од 185,543 милиони денари или околу 3 милиони евра за надоместоци за користење и испуштање во води, се посочува во  Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) од извршената ревизија на финансиските извештаи на […]

Застарените информациски системи во УЈП ризик за безбедноста на податоците


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност – ревизија на информациски системи на тема „Ефективност на информацискиот систем во Управата за јавни приходи за администрирање на јавните давачки“, за да одговори на прашањето „Дали дизајнот на информацискиот систем на УЈП овозможува ефикасно, комплетно и одржливо управување со јавните давачки?“. Воспоставениот дизајн на информациски систем […]

ДЗР: Буџетските средства од ДИК за партиите делени без јасни критериуми


Постоење на необјективни и јасно мерливи критериуми за распределбата на јавните средства за платено поФИлитичко рекламирање и за распределба на дополнителните средства за вториот круг од локалните избори, констатирал Државниот завод за ревизија по извршената ревизија за усогласеност на „Исплатените средства од Државната изборна комисија за извршување на изборните дејствија за спроведување на локалните избори […]

Ковачевски за извештајот на ДЗР за МЕПСО: Ако е нешто спротивно на законот ќе треба да се сноси одговорност


Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека Владата не може да се меша во работата на државниот електропреносен систем на ниво на дневно управување. Одговарајќи на прашања на новинарите, во врска со извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на МЕПСО, кој открива многу неправилности, Ковачевски рече дека доколку е нешто спротивно на законот ќе […]

Ибраими: Арачиновци не се виновни за неплаќањето данок


Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими денеска на прес-конференција информира дека извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) се однесува на 2021 година, кога општината ја предводела тогашната градооначалничка Милекие Халими. -Мора да се потенцира дека извештајот од ДЗР е за претходниот градоначалник и претходните управители кој што биле должни да управуваат со нашата општина. Сè […]

Побарувањата биле резервирани, а не отпишани: МЕПСО го објаснува извештајот на ДЗР


АД МЕПСО вечерва реагираше на известувањето на, како што велат „дел од медиумите“, за извештајот на Државниот завод за ревизија во кој оваа компанија за пренос на електрична енергија доби негативни оцени и бројни сериозни забелешки за нејзиното работење.  Од МЕПСО, во подолга реакција до медиумите велат дека биле невистинити тврдењата дека Управниот одбор на […]

За една година се испразниле 58 села, парите место кај најнеразвиените одат кај најразвиените


Стратегијата за регионален развој 2021-2031 година е донесена со задоцнување, врз основа на проценка за населението, која отстапува од резултатите од Пописот, а политиките за рамномерен регионален развој не ги даваат очекуваните резултати, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за ревизијата на успешност на тема „Рамномерен регионален развој со посебен акцент на демографијата“. ДЗР во анализата констатира дека социоекономските […]

Извештај на ДЗР: Политиките за рамномерен регионален развој не ги даваат очекуваните резултати


 Стратегијата за регионален развој 2021-2031 година е донесена со задоцнување, врз основа на проценка за населението, која отстапува од резултатите од Пописот, а политиките за рамномерен регионален развој не ги даваат очекуваните резултати, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за ревизијата на успешност на тема „Рамномерен регионален развој со посебен акцент на демографијата“. ДЗР во анализата констатира дека социоекономските […]

ДЗР: Во ПИОМ има нераспределeни средства поради тоа што осигуреници не можат да ги остварат своите права


Отсуство на поделбата на надлежностите и одговорностите на вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување поради недостиг на кадар, слабости во чувањето и архивирањето на податоците во матичната евиденција и слабости при реализацијата на дел од јавните набавки, констатирал Државниот завод за ревизија. При извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, ревизијата покажала […]

ДЗР изразува резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МФ за 2021 година


Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за финансии за 2021 година.  Од извршената ревизија на финансиските извештаи на МФ и ревизијата на усогласеност на сметката на основен буџет (631) за 2021 година, ревизорите изразиле мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста […]

Само за ПЦР тестови во приватното здравство биле прелеани најмалку 19,9 милиони евра, открива ДЗР во извештајот за ФЗО


  За три години, од граѓаните во приватното здравство, само за ПЦР тестови се прелеани најмалку 19,9 милиони евра, открија ревизорите од Државниот завод за ревизија во објавениот извештај за работењето на Фондот за здравствено осигурување. Ревизорите како клучни слабости на системот ги посочуваат и неажурираната  листа на лекови кои паѓаат на товар на ФЗО. […]

ДЗР: Отсуствува систем за користење на ЕУ фондовите за кофинансирање стратешки проекти


  Отсуствува систем за користење на ЕУ фондовите за кофинансирање на стратешки проекти, констатира Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на успешност на тема „Процес на добивање и користење на средства од Инструментот Инвестициска рамка на Западен Балкан (WBIF)“ согласно Годишната програма за работа со цел да се даде одговор на прашањето: „Дали е […]

Само половина од мерките за реформи во правосудството се целосно спроведени


Од 130-те мерки утврдени во Акцискиот план кои допринесуваат за целите на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор, само 52 отсто се спроведени, 34 отсто се делумно спроведени и 14 отсто останаа нереализирани, заклучи Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената проверка на успешност на тема „Ефективност на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудниот […]

ДЗР ја објави Годишната програма за работа за 2023


Зголемен опфат на ревидирани јавни средства, зајакнување на знаењата и вештините на вработените, вршење на ревизија на успешност на различни програми и проекти во функција на остварување на отчетноста и доброто управување, испитување на резултатите во однос на економичноста, ефикасноста и ефективноста на активностите на јавниот сектор, информирање на засегнатите страни и јавноста за утврдените […]

Каматите и главнината за долговите лани изнесувале 837 милиони евра, поради злоупотреби кон ИПА вратени 1,7 милиони евра


Лани државата исплатила 51.479.391.000 денари (околу 837 милиони евра), за отплата на камата и главнина по основ на странски и домашен долг, од кои 42 милијарди денари (688 милиони евра) за странски долг и 9,14 милијарди денари (148,7 милиони евра) за домашен долг. Ова го покажува Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и […]

Град Скопје да го среди данокот на имот, застаруваат милиони евра приходи, порачаа државните ревизори


  Бројни забелешки на сметка на Град Скопје искажаа државните ревизори во најновите извештаи за направената ревизија во оваа единица на локалната самоуправа а кои се однесуваат на работењето за 2021 година. Најмногу се однесуваат на данокот на имот, како и дека поради застареност пропаѓаат милиони евра од оваа давачка, која е основен извор на […]

ДЗР: АМС не распределувала праведна финансиска поддршка на федерациите


Агенцијата за млади и спорт (АМС) да воспостави соодветни критериуми за распределба на средствата од нејзините програми до националните спортски федерации (НСФ) и спортистите, како и ефикасни интерни контроли на трансферираните средства кон НСФ, се дел од клучните препораки во ревизорскиот извештај што го објави денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР). Извештајот на ДЗР е […]

Ацевски: И годинава има сомнежи за незаконски постапувања


 Годинашните ревизорски извештаи се во нацрт фаза. Има одредени сомнежи за незаконски постапувања, но јавноста ќе биде информирана за што станува збор откако извештаите ќе бидат конечни, рече денеска главниот ревизор во Државниот завод за ревизија (ДЗР) на Република Северна Македонија, Максим Ацевски. Одговорајќи на новинарски прашања по завршната конференција за ЕУ твининг-проектот „Подобрување на […]