Новите тарифи на Трамп се можност за возвратен удар


Еве го повторно. Американскиот претседател Доналд Трамп ги зголемува и намалува тарифите без размислување, кршејќи ги меѓународните договори што самиот ги потпиша и речиси сигурно ги крши федералните закони. Единствената разлика овој пат е што тој има нов изговор за злоупотреба на тарифите: запирање на принудната работа. Секако, администрацијата е во право дека се прави […]

Трагедија на грешки на Трамп


Точно е, како што еднаш рекол Александар Поуп (славен англиски поет – н.з.), дека да грешиш е човечки. Но, иако секој е грешен, некои луѓе се посклони кон грешки од другите. Тоа е оправдување за демократијата – за подложување на одлуките што влијаат на голем број луѓе на советодавни процеси што вклучуваат проверки и рамнотежа. […]

Новата ера на американската империја


Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика бран критики за неговите постапки во Венецуела, кршење на меѓународното право, презир кон долгогодишните норми и закани кон други земји – не само сојузници како Данска и Канада. Низ целиот свет, постои опипливо чувство на неизвесност и претчувство. Но, веќе треба да биде очигледно дека работите нема да завршат добро, […]

Создавање или рушење на демократијата


ЊУЈОРК – На 24 септември, 20 демократски земји од глобалниот Север и Југ – вклучувајќи ги Бразил, Чиле, Норвешка и Шпанија – се собраа во Обединетите нации не само за да ја потврдат својата посветеност на демократијата, туку и да развијат агенда што ќе ја одржи и збогати. Членството на оваа група, Democracia Siempre (Демократија […]

Америка станува најголем даночен рај во светот


Доналд Трамп брзо ги претвора Соединетите Американски Држави во најголем даночен рај во историјата. Само треба да се забележи мандатот на Министерството за финансии да се повлече од режимот на транспарентност што ги споделува вистинските идентитети на сопствениците на компаниите; повлекувањето на администрацијата од преговорите за воспоставување Рамковна конвенција на ОН за меѓународна даночна соработка; […]

Крајот на прогресот?


Иако Соединетите Американски Држави долго време го предводат светот во унапредувањето на основната наука и технологија, тешко е да се види како тоа може да продолжи под претседателот Доналд Трамп и владејачката олигархија во земјата. Отфрлањето на просветителските вредности од Америка ќе има страшни последици Пред триесет и пет години светот доживеа епохална промена со […]

Глобални избори во сенката на неолиберализмот


Низ светот, популистичкиот национализам е во пораст, честопати носејќи ги авторитарните лидери на власт. А сепак неолибералната ортодоксија – намалување на владата, даночни намалувања, дерегулација – што фати замав пред околу 40 години на Запад требаше да ја зајакне демократијата, а не да ја ослабне. Што тргна наопаку? Дел од одговорот е економски: неолиберализмот едноставно […]

Нееднаквост и демократија


  Имаше многу недоумици за повлекувањето на демократијата и подемот на авторитаризмот во последниве години – и со добра причина. Од унгарскиот премиер Виктор Орбан до поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, имаме сè поголем список на авторитаристи и потенцијални автократи кои канализираат необична форма на десничарски популизам. Иако ветуваат […]

Повисоки каматни стапки носат само болка без корист


Непоколебливата определба на централните банки да ги зголемат каматните стапки е навистина извонредна. Во име на припитомување на инфлацијата, тие намерно тргнаа на пат да предизвикаат рецесија – или да ја влошат доколку дојде до неа. Покрај тоа, тие отворено ја признаваат болката што ќе ја предизвикаат нивните политики, дури и ако не нагласуваат дека […]

Тивкото прогресивно мнозинство на Америка


Светот испушти воздишка од олеснување овој месец кога стравуваниот „црвен бран“ на победи на републиканците не се оствари на среднорочните избори во САД. Додека републиканците го освоија Претставничкиот дом со мала маргина, демократите го задржаа Сенатот. Настапот на Републиканската партија не само што беше полош од очекуваното; тоа беше најлошиот среднорочен настап во последните децении […]

Нобеловецот Џозеф Штиглиц предупредува: „Високите камати нема да го решат проблемот“


„Зголемувањето на каматните стапки нема да го реши проблемот со инфлацијата“, изјави нобеловецот економист Џозеф Штиглиц за ТВ Блумберг во интервју во Давос, Швајцарија. „Тоа нема да создаде повеќе храна. Ќе ја отежне ситуацијата бидејќи нема да можете да инвестирате“, рече тој. Штиглиц, кој ја доби Нобеловата награда за економија во 2001 година, ги даде […]