Владата на Мелони доживеа пораз во парламентот за изборната реформа


  Коалициската влада на Италија на Џорџа Мелони, го загуби клучното гласање за амандманот за изборна реформа – што е важен неуспех пред општите избори следната година. На тајно гласање во Долниот дом на италијанскиот парламент во вторникот вечерта, пратениците го отфрлија предлогот предводен од нејзината партија, Браќа на Италија, со 188 гласа наспроти 187, […]

Горка пилула за Џорџа Мелони по поразот на референдумот за судството


  Италијанските гласачи ја отфрлија реформата на судството во земјата што ја промовираше премиерката Џорџа Мелони, исход за кој се очекува да го наруши нејзиниот углед и да ја направи победата на општите избори следната година попредизвикувачка. На дводневниот референдум, речиси 54 отсто од гласачите рекоа „не“ на плановите за реорганизација на судството, во споредба […]

Мелони се коцка со референдумот на реформа на судството


  Владата на премиерката Џорџа Мелони продолжува со реформа на италијанското судство што би го прецртала балансот на моќ меѓу судиите и обвинителите – и би се вклучила во дебатата на ЕУ за независноста на судството. Италијанците ќе гласаат за уставната реформа на 22 и 23 март. Додека поддржувачите велат дека промените би го направиле […]

И Мелони им се придружи на оние во Европа што ја критикуваат војната на Трамп во Иран


  Италијанската премиерка Џорџа Мелони во средата се придружи на растечката европска реакција против нападите на САД и Израел врз Иран. Лидерката на десницата го упати својот најсилен осуд на војната досега во обраќањето пред парламентот во Рим, опишувајќи ја воената кампања што се одвива на Блискиот Исток како дел од растечкиот тренд на интервенции […]

Римска базилика полна со посетители. Сакаат да фотографираат ангел кој личи на Џорџа Мелони


  Италијанците имаат долга традиција на прикажување вистински луѓе во свети дела, но појавата на херувим (aнгел од највисок ред во христијанството, заб.) во римска црква кој има необична сличност со италијанската премиерка Џорџа Мелони предизвика скандал кој ги зафати и Црквата и Државата. Херувим е ангелско суштество од христијанската традиција. Римската епархија и италијанското […]

Рама: Италија може да побара од Албанија што сака и ние ќе кажеме да


На заедничката прес-конференција во Рим на албанскиот премиер Еди Рама и неговата италијанска колешка, Џорџа Мелони, не изостана прашањето околу камповите за мигрантите во Албанија, кои требаше да бидат транспортирани од Италија. На прашањето на италијанскиот новинар, на телевизијата РАИ 3 дали се кае за договорот за бегалскиот камп, кој се чека веќе две години […]

Во Италија создаден фонд за вештачка интелигенција од милијарди евра


Премиерката на Италија, Џорџа Мелони денеска најави инвестициски фонд од една милијарда евра наменети за проекти за вештачката интелигенција (АИ), при тоа апелирајќи на „правилата на етиката“ при користењето на таа технологија. Таа на Конгресот за вештачка интелигенција во Рим наведе дека инвестицискиот фонд, кој ќе вклучува и нови ресурси и постоечки фондови, има за […]

Сардинија избра левичарски претседател, болен удар за премиерката Мелони


  Италијанската премиерка Џорџија Мелони го претрпе својот прв неуспех на регионалните избори откако ја презеде власта откако левичарски кандидат беше избран за претседател на Сардинија. Алесандра Тоде, политичарка од Движењето пет ѕвезди (М5С), која беше поддржана од Демократската партија (ПД), стана првата жена претседател на островот, тесно победувајќи го Паоло Труцу, десничарскиот кандидат избран […]

Првата година на Џорџа Мелони: Од радикална десничарка, до пријателка на Западот


„Станавме пријатели“, рече американскиот претседател Џо Бајден во јули. Тој зборуваше за Џорџа Мелони, најдесничарскиот италијански премиер од Мусолини, која ги изненади и Брисел и Вашингтон во нејзината прва година на функцијата со своите прозападни ставови и непоколеблива поддршка за Украина. И покрај нејзиниот евроскептицизам, 46-годишната Мелони се обиде да биде конструктивна кон Европската унија […]

Смртта на Берлускони создаде проблем и за неговата партија и за премиерката Мелони


  Во добро или во лошо, Силвио Берлускони имаше застрашувачко влијание врз италијанската политика речиси три децении, движејќи се дури и во своите проблематични времиња со толку добар инстинкт за опстанок што ги остави дури и критичарите воодушевени од неговата очигледна непобедливост. Но, додека се размислува за неговото животно наследство, смртта на Берлускони, кој беше […]

Мелони и Макрон во остар судир околу мигрантите


  Италијанска премиерка Џорџа Мелони ја обвини Франција за предавство, додека двете влади се судираат околу тоа кој треба да земе спасувачки чамци полни со мигранти. Париз ги замрзна плановите да прими 3.500 мигранти од Италија, дел од европскиот договор за прераспределба, и им предложи на другите земји да го следат примерот, откако Италија одби […]

Конститутивна седница на италијанскиот парламент, во фокусот Џорџа Мелони


  Пратениците од новиот состав на двата дома на италијанскиот парламент денеска треба да ја одржат конситутитивната седница, со прва работна задача да изберат претседавачи на двата параламентарни дома. Мнозинство во двата дома има Десничарската коалиција предводена од изборната победничка Џорџа Мелони, и тоа 400 во Пратеничкиот дом и 206 во помалубројниот Сенат. Покрај екстремно десничарската […]