Националниот џез оркестар ќе настапи на AirBeat фестивал во Корча, Албанија


Националниот џез оркестар денеска ќе настапи на AirBeat Festival #LULUfest во Корча, Албанија, каде ќе биде дел од главната фестивалска програма што ќе се одржи во Старата чаршија. AirBeat фестивал обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и заеднички креативни проекти.  На главната фестивалска вечер, под диригентската палка […]

Реконструкцијата на Националниот џез оркестар во завршна фаза


Реконструкцијата на просториите на Националниот џез оркестар на Македонија влегува во завршна фаза и се очекува институцијата наскоро да добие современи услови за работа, соопшти министерот за култура, Зоран Љутков, при денешната посета на објектот во рамки на Националната опера и балет. При посетата, Љутков посочи дека оркестарот е основан во 2023 година, кога е […]

Националниот џез оркестар со „Македонски сновиденија“ ќе настапи во Брисел


Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар денеска ќе настапи во културниот центар „BOZAR“ во Брисел, со програмата „Македонски сновиденија“. Како што соопшти НЏО, концертот е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, чија цел е да ја афирмира македонската уметност и култура пред […]

Кубанска магија: Двочасовна журка со бендот на Ален Перез и Националниот џез оркестар во Скопје


Дека музиката ги урива сите јазични, култоролошки и секакви други бариери се потврди на најуверлив начин и синоќа во Скопје на концертот на кубанската ѕвезда Ален Перез (Alain Pérez) и неговиот la Orquesta заедно со Националниот џез оркестар, кој прерасна во голема двочасовна журка во распродадената сала на Националната опера и балет. Кубанските ритми им […]

Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ


Во Националната опера и балет, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар и легендарниот американски состав „Yellowjackets“, пионери на џез-фјужн жанрот и добитници на две „Греми“ награди. Како што најави НУ Оркестар за џез музика на РСМ, диригент на концертот ќе биде Боб Минцер, долгогодишен член на составот […]

Концерт на Националниот џез оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и Џез академијата – Штип


Во Филхармонија вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и Џез академијата – Штип. Како што најавуваат од Националниот џез оркестар, концертот ќе биде посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари. На истата сцена, во единствена музичка средба, […]

„Cuban Fire“ – концерт на Националниот џез оркестар со афро-кубанска музика


„Cuban Fire“ е насловен концертот што вечер ќе го изведе Националниот џез оркестар во 20 часот во Филхармонија. Најавувајќи го концертот како уште едно неверојатно музичко доживување, од Националниот џез оркестар посочуваат дека овој пат фокусот е на афро-кубанската музика и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии. -Низ оваа автентична “латино свита” […]

Формирањето на Националениот џез оркестар ќе придонесе за создавање на трајни вредности, вели директорот Стевковски


Формирањето на џез оркестарот, е историски момент за Македонија како држава што во поново време доби институција која ќе придонесе за создавање на трајни вредности, и активно ќе учествува во развојот на домашното творештво не само на џез музиката, туку и за музиката во земјава воопшто, вели во интервју за МИА директорот на Националениот џез […]

Националниот џез оркестар со програмата „Џез лектира” ќе гостува во Велес


По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира” вечер од 20 часот ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. Концертот ќе биде осврт на творештвото на Каунт Бејси биг бендот – Вилијам Џејмс (Каунт Бејси) познат како „Кралот на свингот” – американски џез пијанист, органист, водач на бенд и […]

Националниот џез оркестар ќе го одржи првиот концерт


Националниот џез оркестар вечер во 20 часот ќе го одржи својот прв концерт во просториите на Националната опера и балет. Со овој концерт, како што соопшти Националниот џез оркестар, кој ќе претставува еден вид симбиоза на биг бенд творештвото на истакнати македонски џез автори од повеќе генерации, свечено ќе биде одбележан почетокот на концертната сезона […]

Симон Трпчевски:  Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер на врвовите на класичната музика


Создавањето на посебен простор за Националниот џез оркестар е решение и идеја поздравена и од едно од нашите најеминентни музички имиња, како Симон Трпчевски кој во својата поддршка за Македонска филхармонија вели: „Уметноста и културата се сржта на еден народ. Лично, многу ја почитувам џез музиката како и нејзините исполнители. Таа е од огромно значење […]