Експерти од Трезорот на САД ќе работат на унапредување на капацитетите на Министерството за финансии
Експерти од Трезорот на Соединетите Американски Држави ќе дадат поддршка за унапредувањето на капацитетите на Трезорот на Министерството за финансии. Денеска, во Вашингтон, министерот за финансии, Фатмир Бесими потпиша спогодба со заменик помошник секретарот на Трезорот на САД, Џејсон Орландо, со кој се овозможува техничка помош за поддршка на јакнењето на капацитетите во нашиот трезор. […]