Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап


 Легендарниот шведски атлетичар во скок со стап Арманд „Мондо“ Дуплантис постави нов светски рекорд, прескокнувајќи ја летвичката вечерва на домашен терен во Упсала на височина од 6,31 метри. Дваесетишестгодишниот Дуплантис го постави новиот светски рекорд при својот прв обид да ја прескокне оваа височина. Ова е 15. пат во кариерата на Дуплантис да го собори […]

Меѓународен спорт во 2025: Дуплантис прескокна 6.30 метри, Норис стави крај на доминацијата на Верстапен во Ф1


Иако не беше олимписка година, 2025 на спортски план донесе многу возбудливи меѓународни натпреварувања во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, атлетика и Формула 1. Првиот голем настан во годината која измина беше Грен слем турнирот Австралија Опен на крајот од јануари во Мелбурн на кој втора година по ред триумфираше Италијанецот Јаник Синер, совладувајќи го во […]

Дуплантис најдобар европски спортист во 2025


Победник на 68-то издание на анкетата на Полската новинска генција (ПАП) за најдобар европски спортист во 2025 година меѓу новинските агенции на Стариот континент е 26-годишниот шведски атлетичар во скок со стап Арманд Дуплантис. Дуплантис, кој е олимписки шампион од Токио и Париз во скок со стап, воедно е апсолутен светски шампион во скок со […]

Дуплантис прескокна 6,30 метри и постави нов светски рекорд


Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го собори светскиот рекорд во скок со стап по 14 пат во својата блескава кариера, откако денеска на Светското првенство во Токио прескокна 6,30 метри. Дуплантис го обезбеди светското злато со скок од 6,15 метри, а потоа прескокна 6,30 метри во својот трет обид, поставувајќи нов светски рекорд по четврти пат […]

Дуплантис ја освои наградата „Лауреус“ за 2024 година


Скокачот со стап Арман Дуплантис и гимнастичарката Симон Билс се прогласени за спортисти на годината – „Лауреус“ за 2024 година. Доделувањето на наградите се одржа вчеравечер во Мадрид. Кај мажите, Формула 1 возачот Макс Верстапен, тенисерот Карлос Алкараз, пливачот Леон Маршанд и велосипедистот Тадеј Погачар беа исто така во конкуренција за наградата. Меѓу номинираните во […]

Дуплантис повторно собори светски рекорд, погледнете го новиот чудесен скок на Швеѓанецот


Неверојатниот шведски атлетичар Арман Дуплантис повторно го собори светскиот рекорд во скок со стап, откако на состанокот во Клермон-Феран, Франција, прескокна шест метри и 27 сантиметри. Минатата година Дуплантис три пати го собори светскиот рекорд, а со истото темпо продолжува и во новата година.   Here is the moment Mondo Duplantis broke the World Record […]

Дуплантис направи пародија на турскиот стрелец по победата на Олимпијадата со светски рекорд


Двократниот олимписки шампион во скок со стап Арманд Дуплантис ја рекреираше виралната фотографија на турскиот стрелец Јусуф Дикеч. Откако Швеѓанецот синоќа постави нов светски рекорд, со левата рака во џеб застана во позиција од која Дикеч стрелаше на олимпискиот турнир. Дваесет и четиригодишниот Дуплантис освои златен медал на Игрите во Париз, станувајќи двократен олимписки шампион.

Дуплантис повторно го подобри светскиот рекорд во скок со стап


 Швеѓанецот Арманд Дуплантис постави нов рекорд во скок со стап. Тој во завршниот натпревар од Дијамантската лига одржан во Јуџин, САД, прескокна 6,23 метри. Дуплантис седум пати по ред го подобрува светскиот рекорд, секогаш за по еден сантиметар.Претходниот светски рекорд изнесуваше 6,22 метри и беше поставен во февруари во  Франција. Прв пат Дулантис стана светски […]

Дуплантис го собори светскиот рекорд во скок со стап


Швеѓанецот Арманд Дуплантис го собори денеска светскиот рекорд, кој и досега беше во негова сопственост, прескокнувајќи во третиот обид 6.19 метри на митингот во сала во Белград. Дуплантис (22) за еден сантиметар го подобри рекордот од Глазгов, постигнат во февруари 2020 година. Во сопственост на шведскиот атлетичар е и светскиот рекорд на отворено, кога истата […]