„Дуферко“ ја зголеми сопственоста во „Макстил“
Мнозинскиот акционер во скопски „Макстил“, компанијата „Дуферко“ со седиште во Швајцарија, го зголеми сопственичкото учество во македонскиот производител на челични слабови и лимови. „Макстил“ АД Скопје, согласно Правилата за котација на Македонската берза извести дека на 21.11.2023 година е настаната промена во сопственоста на акциите со право на глас. „Имено, Duferco Skop SA, како мнозински […]