Дрон предизвика пожар во руска нафтена рафинерија на Црното Море
Пожарот што избувна во нафтената рафинерија Афипски лоцирана во близина на црноморското пристаниште Новоросијка во Кранодарската област најверојатно е предизвикан од дрон, соопшти регионалниот гувернер Венјамин Кондратјев. Во порака на Телеграм, Кондратјев додава дека пожарот е брзо изгаснат и оти нема жртви. Не е соопштено кој го лансирал дронот.