Почна да се гради спортска сала во ООУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче


Долно Лисиче за првпат добива спортска сала во рамките на подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ со површина од 650 м2. Изградбата на спортската сала е финансирана од Министерството за образование и наука, во вредност од 31.989.202,00 денари, а рокот за изведба е 10 месеци. В.Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески истакна дека станува збор […]

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз, бараме веднаш да се пушти автобус


Општина Аеродром денеска упати реакција на одлуката да се укине единствената линија со број „33“ што го поврзува Долно Лисиче со останатиот дел од Аеродром и бараат веднаш да се изнајде решение и да се пушти автобус на оваа и онака ретка линија. – Остро реагираме на одлуката да се укине единствената линија со број […]

Долно Лисиче доби нов терен за фудбал


На простор од 1.000 квадратни метри, жителите на Долно Лисиче во Општина Аеродром добиваат нови и современи содржини за спорт и рекреација, проект со кој продолжува рамномерниот развој и реализацијата на проекти во сите населени места во Аеродром. Инвестицијата се наоѓа на старото игралиште во ова населено место и опфаќа изведба на ново фудбалско игралиште […]

Без вода дел од Драчево, намален притисок во Долно Лисиче


  Поради уличен дефект, без вода денеска од 14:30 часот се корисниците на улиците „Румена Хаџипанзова“, „Антон Димитров“, „Коперникова“, „Јанко Мишиќ’ во населбата Драчево. Намален притисок, пак, ќе имаат корисниците во Долно Лисиче, информира ЈП Водовод и канализација Скопје.

Без вода вечерва се Драчево и Долно Лисиче


Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 милиметри на улица „Скендер Бег Кастриоти“ бб во населба Драчево, вечерва без вода ќе бидат корисници во оваа и во соседната населба Долно Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 21:30 часот, па до остранување на дефектот. 

Се чисти големата депонија кај Долно Лисиче


Комуналните служби на Општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве интензивно работат на расчистување на една од најголемите диви депонии на нејзината територија лоцирана во Долно Лисиче. Станува збор за депонија создавана со години пред мостот во Долно Лисиче што граничи со Јурумлери. Овој потег преполн со ѓубре, шут и кабаст отпад, покрај тоа […]