Доларот стагнира, цената на нафтата дополнително паѓа


  Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на валутните пазари денеска стагнира. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 104,28 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,30 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се […]

Доларот во пад поради забавувањето на инфлацијата во САД


  Вредноста на американскиот долар се намали денеска  во однос на ривалските валути бидејќи забавувањето на инфлацијата на потрошувачките цени во САД ги намали очекувањата за поагресивно зголемување на каматните стапки на федералните резерви. Во раните попладневни зделки, зелената банкнота нагло потона наспроти фунтата, еврото и јенот, бидејќи официјалните податоци покажаа дека инфлацијата во САД […]

Доларот надмина 150 јени, мораа да интервенираат јапонските власти


  На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна минатата недела, бидејќи јапонските власти интервенираа на пазарот, откако курсот на американската валута, првпат по 32 години, се проби над 150 јени. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата […]

Силниот американски долар шири болка низ целиот свет


  Трошоците за живот во Каиро толку се зголемија што обезбедувачот Мустафа Гамал мораше да ги испрати сопругата и едногодишната ќерка да живеат со неговите родители во село 110 километри јужно од египетската престолнина за да заштеди пари. Гамал (28) остана, работи две работни места, дели стан со други млади луѓе и го исфрли месото […]

Еврото и британската фунта ноќеска на ново рекордно ниско ниво во однос на доларот


  Еврото во текот на ноќта падна на ново 20-годишно најниско ниво во однос на доларот, а британската фунта на историски рекордно ниско ниво, јавија германските веб-страници за финансиски информации. Заедничката европска валута се тргуваше по 0,95 долари, ниво што не е регистрирано од 2002 година. Британската фунта изгуби речиси пет отсто до 1,0350 долари, што е најнизок […]

Еврото утрово благо порасна во однос на доларот


  Курсот на еврото во однос на доларот денеска остана без голема промена во однос на американската валута. Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт, еврото се задржа на 1,008 долари, што е за 0,006 евра повеќе во однос на нивото пред вчерашното затворање, јавија германските медиуми за финансии. Европската централна банка (ЕЦБ) вчера го одреди референтниот […]

Британската фунта на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година


  Британската фунта денеска падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година поради стравувањата од рецесија и инфлација. Како знак на тежината на задачата што ја чека новата премиерка Лиз Трас да ја заживее британската економија, фунтата до 14 часот (16:00 часот по средноевропско време) денеска загуби 0,96 отсто на 1,1409 во […]

Еврото повторно падна во однос на американскиот долар


Еврото утринава падна под 0,99 долари, што е најниско ниво во последните 20 години, по минатонеделната најава дека Русија ќе ја намали испораката на гас за Германија преку гасоводот „Северен тек 1“. Еврото падна за 0,7 отсто на 0,9884 долари во раната трговија, што е најниско ниво од декември 2002 година. Еврото се тргува под […]

Берзи: Доларот најсилен во последните 20 години


На азиските берзи утрово се тргува внимателно бидејќи развојот на ситуацијата во повеќето економии во светот не поддржува поризични инвестиции, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново највисоко ниво во последните 20 години. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,4 отсто околу 6:30 часот. Истовремено, на токиската берза индексот […]

Еврото потона под еден долар


  На валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути утрово дополнително се зголеми и се приближи на највисокото ниво во последните 20 години, бидејќи се очекуваат натамошни агресивни зголемувања на каматните стапки од страна на ФЕД. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни […]

Доларот ослабе во однос на повеќето валути


  Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на пазарот малку се намали. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,40 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,53 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се […]

Азиски берзи: Скок на индексите, најголем пад на доларот во последните пет месеци


Азиските акции пораснаа во четвртокот, по подемот на Волстрит, откако податоците за забавувањето на инфлацијата во САД ги поттикнаа надежите на инвеститорите дека ФЕД може да биде помалку агресивен во зголемувањето на каматните стапки, додека доларот падна од истата причина најмногу во последните пет месеци. Индексот на MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за […]

Доларот посилен од еврото, прогнозите за европската валута не се добри


  Денеска, за прв пат од 2002 година, заедничката европска валута вредеше помалку од доларот, а во споредба со истиот датум минатата година еврото загуби 20 отсто од вредноста. Ако се погледне периодот од почетокот на оваа година, еврото падна за околу 14 отсто во однос на доларот, пишува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Еврото денеска […]

Може ли силниот долар да ја загрози македонската економија


  Порастот на вредноста на доларот во последните недели загрижи многумина кои се прашуваат дали ваквиот тренд ќе се одрази врз националната валута денарот и врз домашната економија. Економистите велат дека нема простор за загриженост бидејќи Македонија и трговски и валутно главно е врзана за еврото. Јавниот долг претежно е изразен во заедничката европска валута, […]

Драматично на валутните пазари: Доларот вреди колку еврото, за прв пат од 2002 година


Курсот меѓу еврото и американскиот долар се изедначи во вторникот, за прв пат по 20 години. Од утрово, едно евро е еднакво на точно еден долар, што значи дека вредноста на еврото е намалена за над 12 отсто во однос на неговата вредност на почетокот на годината. Тоа значи дека еврото е најслабо во однос […]

Доларот се изедначи со еврото, американските стоки стануваат поскапи


  ВАШИНГТОН – Американскиот долар расте толку многу што по вредност е речиси еднаков на еврото за прв пат по 20 години. Тој тренд, сепак, се заканува да им наштети на американските компании, бидејќи нивните производи стануваат поскапи за странските купувачи. Ако извозот на САД ослабне како резултат на тоа, исто така ќе ослабне и […]

Големо геополитичко „преуредување“: Како изгледаат резервите на водечките централни банки


Швајцарската банка „Ју-Би-Ес“ (UBS) истражуваше како изгледаат резервите на 30 водечки централни банки. Големото геополитичко „преуредување“ кое моментално се случува во светот, поттикнато од војната во Украина, се одразува и во постепената ерозија на доларот како водечка валута во девизните резерви на централните банки. Според Фајненшел тајмс (Financial Times – FT), централните банкари се повеќе […]

Азиски берзи: Индексите нагло паднаа на почетокот на неделата


На азиските берзи во понеделникот цените на акциите остро паднаа, како и на Волстрит во петокот, бидејќи инфлацијата во САД достигна ново највисоко ниво во повеќе од 40 години, па инвеститорите стравуваат од агресивно зголемување на каматните стапки на Федералните резерви на САД. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, беше за околу 2 отсто понизок. […]

Доларот ослабе, цената на нафтата малку се намали


На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 101,7 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 102,57 поени. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 130,1 […]

Доларот најсилен во изминатите 20 години


Вредноста на американскиот долар во однос на референтните валути продолжува да расте, достигнувајќи го највисокото ниво во изминатите 20 години. Индексот на доларот што ја покажува вредноста на американската валута во однос на шест најважни светски валути изнесува околу 103,56 поени, додека вчера изнесуваше 103,28 поени. Валутата синоќа во еден момент достигна 103,93 поени, што […]