Лажни дојави за бомби го паузираа неделниот шопинг во Ист гејт и Дајмонд мол (фото)


Лажни дојдави за бомби преку електронска пошта беа испратени денеска до Министерството за внатрешни работи за трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје.  По повеќе од двочасовната проверка во внатрешноста и околу објектите, МВР соопшти дека дојавите дека се поставени електронски направи се лажни. Нема информации за тоа кој ги испратил мејловите до МВР.  […]

Дојави за бомби и во три училишта во Општина Центар, се вршат антитерористички проверки


Утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „ Гоце Делчев“ во Општина Центар беа добиени дојави за поставени експлозивни направи, соопштија од локалната самоуправа. Веднаш по приемот на пријавите, полицијата излезе на терен и презеде мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените. Во ООУ „Димитар Миладинов“ беа извршени детални антитерористички […]

Пак дојави за бомби, евакуирани шест училишта во Скопје и две во Штип


Рано утрово евакуирани се шест училишта поради дојави за бомби, јавија повеќе портали. Шест училишта во општина Аеродром биле утрово евакуирани. Исто така, медиумите пренесуваат дека најмалку едно училиште во населбата Железара е евакуирано поради дојава за бомба, а дојави за бомба имало и во училиште во Бутел, јави ТВ21. Според првичните информации, меѓу евакуираните […]

Дојави за бомби во училишта во Загреб


Средното Машинско-техничко училиште во Загреб, Фауст Врачиќ, утрово пријави дека добиле дојава за поставена бомба. Полицијата е на лице место и врши увид на теренот. Поради безбедносни мерки, наставата нема да се одржува во утринска смена ниту во тоа училиште, ниту во соседното Електротехничко училиште, јавија загрепските медиуми. „Неколку училишта во Загреб добија дојави за […]

Повторно дојави за поставени бомби во училишта во Белград


Училишта во Белград денеска повторно добиле дојави за подметнати бомби, јавија белградските медиуми. Полицијата е на тие локации и е во процес на проверка на тврдењата за поставени бомби. Децата и вработените се евакуирани од училиштата.  Во изминатите денови зачестија анонимните дојави за бомби во белградските училишта, а МВР на Србија во петокот соопшти дека […]

Дојави за бомби во објекти на Радио телевизија на Србија и Радио-телевизија Војводина


Радио телевизија на Србија (РТС) добила дојава за поставена бомба во објектите на Кошутњак во Белград, (МВП), а дојави за бомби пристигнаа и на адресата на Радио-телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во тек е работата на специјализирани, контрадиверзантски екипи на полицијата. […]

Лажните дојави за бомби ќе им донесат кривични пријави за тероризам на група македонски граѓани


Група македонски државјани набргу ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. -Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале […]

Уште нестигнати на училиште, дознале за дојава за бомба


Дојави за бомби и утроово почнаа да ги пречекуваат учениците, уште пред да седнат во училишните клупи. Како што јавуваат родители, нивните деца кои што патувале кон скопската гимназија Јосип Броз Тито, во автобус дознале за дојава на бомба. Дојави за бомби има и за други училишта. Учениците, сепак, во комуникација меѓу себе се договориле […]

Лажни пријавите за поставени експлозивни направи во 120 скопски училишта


По сите направени проверки во врска со денешните пријави за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје е утврдено дека станува збор за лажни дојави, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и […]

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи, завршија сите потребни проверки


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 49 училишта и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. […]

МВР: Лажни се пријавите за бомби во Уставен суд и аеродромот во Скопје


  Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиена порака на електронска адреса со закана за поставена експлозивна направа во Уставен суд и Аеродромот во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. – Од страна на полициските службеници веднаш се преземени […]

Спасовски за дојавите за бомби: За неколку од случаите се обезбедени докази и се реализирани


МВР не за неколку, туку води истрага за сите од случаите. За неколку од случаите се обезбедени докази и се реализирани, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска во дојавите за бомби во училишта во неколку градови, трговски центри, Меѓународниот аеродром во Скопје и други објекти. – Имаме докази за дојавите во Скопје, […]

Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите проверки


  Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 20 училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреси со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за […]

НАТО информиран за дојавите за бомби, во МВР формиран посебен штаб, ќе заседава и Советот за кооринација


  Повеќе објекти во државава и вчера беа евакуаирани поради дојави за експлозивни направи, за кои, како и во претходните денови, се утврди дека се лажни по проверките од единиците на Министерството за внатрешни работи. За дојавите за бомби надлежните вчера ги известиле и НАТО структурите, во МВР веќе е формиран посебен штаб, а се […]

Дојави за бомби во Хрватска биле испратени од островот Куракао во Карипското Море


  Во понеделникот во 93 државни институции и приватни фирми во Хрватска стигнаа дојави за бомби. Меѓу таргетираните беше и Врховниот суд. Во пораките пишувало: „Во судот е поставена бомба“; „Ќе ја урнеме Владата на Република Хрватска“; „Не сме во војна со обичните граѓани“; „Не ни треба смрт“; „Цел – уништување на згради“… Иако немаше […]

Дојави за бомби и во училиштата во Хрватска


Три основни училишта во Загреб добија пријави за бомби, јавија хрватските медиуми. Сите три училишта се евакуирани. Како што пренесуваат медиумите децата од едно од училиштата биле однесени на училишното игралиште. Како што изјавија за Индекс од загрепската полиција, ја проверуваат веродостојноста на пријавите. „Можеме да потврдиме дека добивме пријави и во тек се проверки“, […]

Стојаноска-Иванова: Дојавите за бомби кај децата создаваат недоверба кон институциите


  Секојдневните дојави за бомби во средните училишта во главниот град не оставаат никој рамнодушен. Се јавува чувство на страв и стрес, пред сè кај самите деца, но и кај наставниот кадар кој е одговорен за децата додека се во училиштата. Со цел да се надмине оваа дестабилизација што во моментов се случува, социологот проф. д-р Татјана […]

Дојави за поставени бомби на неколку локации во Ниш


  На неколку локации во Ниш, Србија стигнаа дојави за подметнати бомби. Како што за РТС потврди полицијата, на мета се Медицинскиот факултет, трговскиот центар „Делта планет“ и аеродромот „Константин Велики“. Присутните во објектите се евакуирани, а контрадиверзионите екипи се на терен. Дојавите, како што неофицијално дознава РТС, стигнале околу 13.30 часот по пат на […]