Дојави за бомби во повеќе училишта во Белград


Утрово неколку училишта во Белград добиле дојава за бомба, дознава Телеграф. Извештајот дојде до основното училиште Франција Прешерн во Миљаковац и основното училиште „Иво Андриќ“. Според неофицијални информации на Телеграм, до неколку белградски училишта стигнале дојави. Учениците поради пријавите морале да ги напуштат училниците. Полицијата е на терен и ја проверува веродостојноста на пријавите.

Дојави за бомби во шест белградски училишта


Пет основни училишта и едно средно училиште во Белград утринава добија дојави за бомби, што е потврдено од МВР, јави дописникот на МИА од Белград. Помошник-командантот на полициската бригада Радојко Царан изјави дека само во Белград годинава имало повеќе од 2.000 лажни дојави за поставени бомби. -Најчеста мета во претходниот период беа основните и средните […]

Дојави за бомби во неколку белградски училишта


Неколку основни и средни училишта во Белград попладнево добиле пријави за наводно подметнати бомби, потврди полицијата. Од МВР за агенцијата ФоНет велат дека околу 13 часот и 20 минути, пред почетокот на попладневната смена, пристигнала дојава за подметнати бомби во неколку основни и средни училишта во белградско. Учениците од попладневната смена се вратени дома, а […]

Дојава за бомба во Средното електротехничко училиште во Белград


На адресата на Средното електротехничко училиште во Белград претпладнево е добиена дојава за поставена бомба, јавија белградските медиуми. Училиштето е евакуирано, а тимови на Министерството за внатрешни работи на Србија се на терен. Дел од белградски медиуми јавија дека има дојава за бомба и во средното математичко училиште во Белград. 

Дојава за бомба во училиште во Сараево


ОУ „Меша Селимовиќ“ утрово добило дојава за поставена бомба повторно, а учениците се евакуирани и во тек е проверка од страна на полицијата. Како што потврди Мерсиха Новалиќ, портпаролка на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, нешто пред осум часот училиштето го добило известувањето за поставената бомба преку електронска пошта. Веднаш по пријавата на […]

Србија: Дојави за поставени бомби на Земјоделско-технолошкиот факултет во Чачак


 Студенти и вработени на Агрономскиот и на Техничкиот факултет во Чачак денеска се евакуирани од зградите на факултетот, поради дојава за поставени бомби на факултетите, јави Бета. Информациите за поставените бомби биле испратени до деканите на факултетите од Ректоратот на Универзитетот во Крагуевац, каде припаѓаат. Полицијата ги истражува деталите од дојавата за бомба. Тоа е […]

Дојава за поставени бомби во повеќе училишта во Сараево


  Во Кантонот Сараево, во Босна и херцеговина, денеска примени се дојави за поставени бомби во повеќе училишта, јавија сараевските медиуми. Учениците се евакиурани и оратени дома, а речиси на сите им е препорачано вклучување на онлајн настава, без разлика дали во нивното училиште има дојава или не. Ваквите дојави се зачесетени преиодов и најчесто […]

Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје и во Прилеп


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 21 средно и 11 основни училишта на подрачјето на Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека […]

Деца дојавиле дека има бомба во сплитски локал, блокиран и влезот во болницата


  Две деца се пријавени во државното обвинителство откако било откриено дека тие во четвртокот на полицијата ѝ дојавиле дека во угостителстви објект во Сплит, Хрватска, има поставено бомба и дека ќе експлодира. полицијата, по дојавата ги блокирала околните улици, а бил блокиран и влезот во болницата. Со криминалистичко истражување утврденое дека двете деца преку […]

Дојавата за бомби стигнала во 16 училишта во Скопје и две во Куманово


Денеска е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и две училишта во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, закана била упатена и на приватни меилови на девет професори од истите училиштата. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и […]

Дојава за бомби во основни училишта во Скопје – евакуирано „Лазо Ангеловски“


Денеска на пладне, дојава за поставени бомби примило ООУ „Лазо Ангеловски“ во скопски Аеродром. Учениците од втората смена се евакуирани и се наоѓаат на Детската улица, од каде родителите и роднините си ги земаат децата.  Полицијата е на терен и ги проверува просториите.  Дојава за бомба има и во соседното училиште „Александар Македонски“, како и […]

Лажна дојава за поставена бомба во училиште во Охрид


Утрово на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа, но по направените потребни проверки утврдено е дека станува збор за лажна дојава, информира МВР. – Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на […]

Аеродром: Сите дечиња се на безбедно до завршувањето на проверките по дојавата за бомби


Имајќи ги предвид информациите за поставени бомби во основните училишта во Аеродром, апелираме на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во овие случаи, велат од Општина Аеродром. Благодарение на брзото постапување, до сега сите дечиња се на безбедно, придружувани од своите родители или наставниот кадар. Според информациите кои ги поседуваме, во […]

Утрово, нови дојави за бомби во 15 училиштата во Скопје


Утрово, повторно пристигнале закани за поставени бомби во училиштата во Скопје.  Според ученици од гимназијата „Орце Николов“, по примената дојава за поставена бомба во просториите на учулиштето, учениците и вработените се евакуираат. Дојава има и во „Владо Тасевски“. На местото се припадници на антитерористичката единица кои со детектори и со кучиња ја пребаруваат зградата. – […]

Дојави за бомби во неколку училишта во Подгорица


Наставата во неколку основни училишта во Подгорица денеска е во прекин поради дојава за поставени бомби, јави РТЦГ. Според медиумот, наставата е прекината, а учениците се евакуирани. Се очекува пристигнување на специјална единица на Полициската управа. Дојава за бомба има во седум основни училишта и две средни.  Ова е втор бран закани со бомби во […]

Нови дојави за бомби во четири училишта


На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава повторно е упатена закана за поставена бомба. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.  „Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на адреса на четири училишта во Скопје е […]

Дојави за бомби во училишта во Црна Гора, евакуирани и Општината и судот во Бар


Прекината е наставата во повеќе основни училишта во Црна Гора поради дојави за поставени бомби, јави РТЦГ. Евакуирани се училишта во Никшиќ, Бар, Беране, Бијело Поље, Колашин, Херцег Нови, Цетиње. Дојави за бомби имало и во Општината и во судот во Бар. „На територијата на училиштето подметнати се бомби. Секогаш сонувавме за освета. Ние ќе […]