Скопјанец заврши во болница, бил повреден при колење стока


Вчера во 18.18 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Р.Б.(55) од Скопје. Според пријавеното во полицијата, тој се здобил со повредите при колење добиток кај негов пријател. Се работи на расчистување на случајот. 

Данска воведува данок на издувни гасови кај добитокот, фармерите ќе плаќаат по 90 евра за крава


Сточарите во Данска наскоро би можеле да плаќаат годишен данок од 90 евра по крава поради штетните емисии кои влијаат на глобалното затоплување и климатските промени. Коалициската влада се согласи оваа недела да го воведе првиот данок на емисии на јаглерод во светот од земјоделството, кој треба да започне во 2030 година. Данска е главен […]

Екстремно невреме, тревога: Повеќе од 500.000 животни измрзнаа до смрт


Монголија ја подигна подготвеноста за катастрофи на високо ниво на тревога бидејќи над половина милион добиток угина во екстремното студено време. Монголскиот премиер Лувсаннамсраи Ојун-Ерден нареди да се преземат сите можни мерки за да се надминат тешкотиите во сточарскиот сектор и да се обезбеди сеопфатна поддршка на сточарите, се вели во соопштението за печатот. Вкупно […]

Холандска партија предлага намалување на сточниот фонд за 75 отсто за пониски емисии на штетни гасови


Холандската Партија за животните (ПВДД), чија примарна заложба е заштита на правата на животните и на животната средина, во својата програма за ноемвриските предвремени парламентарни избори во Холандија предлага бројот на добиток во земјата да се намали за 75 отсто со цел да се намалат емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. […]

Николовски: Потпишани 130 договори за набавка на високопедигриран добиток


Ова година имаме најголема набавка на високопедигрирани грла добиток, со висок генетски потенцијал, преку Програмата за рурален развој, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при денешната посета на фармата „Бони Фарм“ во велешкото село Црквино, потенцирајќи дека јавниот повик за мерката 121, кој беше објавен во јуни минатата година предизвикал рекордно висок интерес […]