(Во живо) Димитар Ковачевски: Денес е тежок удар за европската иднина, но не се откажуваме


Задоволен сум што гласањето помина во мирна и демократска атмосфера, достоинствено и без нарушување на демократскиот процес, како што доликува на држава која што се стреми да стане дел од ЕУ во наредните години, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од штабот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски. – Се надевавме на подобри резултати, […]

СДСМ со порака „Нема откажување од иднината“: Членството во ЕУ е единствениот пат


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска на почетокот на кампањата за парламентарните избори порача дека главен фокус на партијата и на коалицијата за претстојните избори останува членството во Европската унија бидејќи тоа е единствениот пат за подобра иднина на нашите семејства. Во обраќањето пред сопартијците и претставници на коалицијата, како и на кандидатите за пратеници, […]

Новиот состав на Собранието ќе одлучи на кој начин ќе продолжи проектот со автопатот Кичево-Охрид


Собранието во новиот состав ќе одлучи на кој начин ќе продолжи проектот – дали со истиот изведувач или на крај ќе се бира изведувач којшто има покажано дека може да направи пат. Она што мора да се направи е првин тој пат да се заврши, бидејќи граѓаните на цела држава го заслужуваат, Охрид како најголем […]

Дали ќе продолжат „гарантираните цени“ не зависи само од законот за нефер трговски практики, туку и од движењата на пазарот, вели Ковачевски


Мерката „гарантирани цени“ не зависи само од донесувањето на законот за нефер трговски практики, туку и од движењето на цените на пазарот, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според него, цените и маржите се следат, во тој сегмент се соработува со експертската фела, а одлуките се носат зависно од проценката. Како што напомена Ковачевски, одговорајќи на […]

Ковачевски најави избори (парламентарни) во мај


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска расчисти дел од дилемите за парламентарнитие избори велејќи дека „постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин“. За финалните ставови на политичките партии ќе има информација тогаш кога ќе се постигне поширок консензус во рамките на парламентот, нагласи Ковачевски. Но тој не кажа прецизно дали […]

Македонија е мултикултурна реткост, рече Ковачевски во УНЕСКО


  Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам, истакна премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на 42-та Генерална конференција на УНЕСКО во Париз. Ковачевски е прв премиер од Македонија што се обрати во УНЕСКО. Тој посочи дека овие два исклучителни важни моменти за нашата современа историја го обврзуваат ова прво премиерско обраќање да […]

Одлуките на илинденците и асномците нѐ обврзуваат да одиме напред, рече Ковачевски


  Пред споменикот на скопското Кале посветен на слободата – „Сила, слава и победа“ се одвиваше главната свеченост во главниот град за прославата на Илинден на која зборуваше премиерот Димитар Ковачевски. Одлучноста и обединувачкиот дух на Илинден 1903 и на АСНОМ 1944, но и цврстата верба, истрајноста и упорноста со кои е создадено огништето на […]

Ковачевски и Брнабиќ ќе го промовираат интегрираниот електронски систем за наплата на патарините


Заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините ќе биде промовиран денеска на наплатната рампа Прешево – мобилно продажно место. Системот ќе го промовираат премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе бидат присутни и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Горан Весиќ, министерот за градежништво, […]

Ковачевски не би размислувал ни миг за оставка, но Мерко и натаму мисли


  Премиерот Димитар Ковачевски не би размислувал ни миг кога би се нашол на црната листа на САД за вмешаност во корупција и веднаш би поднел оставка. „Јас да се најдам на црната листа на САД, како човек што дел од своето образование го завршил во САД, не што ќе си дадам оставка, тукус тоа […]

Ковачевски му нуди на Мицкоски премиерска функција во техничката влада


  Нова лидерска средба нема да има – порача денес премиерот Димитар Ковачевски на брифинг со новинарите, тврдејќи дека позициите со кои тој и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  излегле од последната средба биле јасни и прашањето сега е дали Христијан Мицкоски сака или не да остане во процесот. Тој најави дека наредните денови иницијативата за уставни […]

Како „Не“ на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени стана „Да“ и кој живее во „паралелна реалност“


  Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и опозициската ВМР-ДПМНЕ денес излегоа со целосно спротивставени констатации околу уставните измени. Додека во Кавадарци, на партиската трибина Ковачевски рече дека на последната нивна средба, Христијан Мицкоски прифатил уставни измени, од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачаа дека „Ковачевски живее во паралелна реалност“, повторувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ понудиле предлози, а […]

Ковачевски остава на Мицкоски да го избере форматот на средбата


  Средбата на власта и опозицијата ќе биде в среда во 11 часот во Клубот на пратеници, а од каков формат ќе биде таа треба да одлучи Христијан Мицкоски или ракводството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го објави премиерот Димитар Ковачевски. Тој рече дека една од темите ќе биде носењето одлуки за европска интеграција на државата, […]

Ковачевски во Стопанската комора: Новите инвестиции се резултат на стратешките политики, членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ


Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членовите на Управниот одбор на комората, на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и заменик-министерот за финансии Филип Николоски. Премиерот Ковачевски на средбата ги информираше претставниците на […]

Потребен ни е мир, веднаш, рече Ковачевски во Советот за безбедност на ОН


  Премиерот Димитар Ковачевски се обрати денеска пред Советот за безбедност на ОН како прв македонски премиер кој зборувал пред советот, а на тема новата агенда за мир предложена од генералнот секретар на ОН Антонио Гутереш. Ковачевски се обрати по повод 30-годишнината од членството на Македонија во ОН.  Темата мир е насушна во контекст на […]

Изградбата на коридорите 8 и 10-д ќе го зголемува БДП по два отсто годишно, вели Ковачевски


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека изградбата на коридорите 8 и 10-д ќе го поттикне економскиот раст и ќе влијае врз номинален пораст на домашниот бруто-производ од два отсто годишно. Во обраќањето пред учесниците на годинашниов самит на „Македонија 2025“, Ковачевски рече дека инвестициите во коридорите ќе придонесат и за нови 8 илјади вработувања, […]

Ковачевски: Ја одбранивме енергетската независност, покажавме што е патриотизам во 21 век


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во „РЕК Битола“, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, генералниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, раководството на РЕК, раководители, вработени во енергетските капацитети, во присуство на медиуми, го означи крајот на грејната сезона за оваа година. – Во текот на целата грејна сезона имаше струја и парно, рестрикции немаше. Зголеменото […]

Ковачевски: За една година и три месеци инсталирани над 190 мегавати од обновливи извори на енергија


Акумулираното знаење од времето кога бев во приватниот сектор направи кога дојдов за премиер да имаме комплетно променета регулатива во делот на инвестиции во обновливи извори на енергија (ОИЕ) и затоа од моето назначување на функцијата до сега, за период од една година и три месеци, во државата се изградени, инсталирани и веќе пуштени во […]

Груби нема да му ја одземе надлежноста на Министерството за транспорт и врски, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски денеска пред новинарите ја бранеше одлуката на Владата, првиот вицепремиер Артан Груби да ја координира работата на изградбата на Коридорот 8, велејќи дека останува надлежноста и одговорноста на Министерството за транспорт и врски.   „Сите инфраструктурни проекти кои што ги набројавте, се во исклучива надлежност, во исклучива одговорност и во исклучива обврска […]

Ковачевски: Нормално е Антикорупциска да ја врши својата работа за какви и да било сомнежи за автопатите


Антикорупциската комисија нормално е да си ја работи својата работа во делот на она за што постојат сомнежи, меѓутоа тоа не значи дека „Бехтел и Енка“ ќе ги одложи работите, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски откако Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека отвора предмет за надзорот на изградбата на автопатите на коридорите 8 […]