Клиниката за дигестивна хирургија доби нова опрема, за прв пат ќе има лапароскопска интервенција со флуоресцентен контраст
На Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, попладнево беше промовирана нова опрема во вредност од милион евра, средства обезбедени од Министерството за здравство. Обезбедени се повеќе современи апарати: лапараскопски хируршки столб, електрохируршка единица со аргон плазма, апарат за трансфузија за континуирано собирање и обработка на изгубена крв при операција со вакум пумпа, пациент монитори, […]