Јавна седница во Апелација за предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот


Во Апелацискиот суд Скопје денеска ќе биде одржана јавна седница за кривичниот предмет за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Од Апелација соопштија дека јаваната седница е закажана за 10:30 часот. Кривичниот суд Скопје на 30 ноември лани, за убиството на Денис Тот на повеќегодишни затворски казни ги осуди Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј […]

Вкупно 52 години казна затвор за убиството на ракометарот Тот


  Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје денеска ги огласи за виновни обвинетите во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. На обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска им беше изречена казна затвор од по 18 години, додека, на обвинетиот Андреј Костовски 16 години за сторено кривично дело „убиство“. Судскиот процес го води […]

Продолжува судењето за убиството на ракометарот Денис Тот


 Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје. Случајот се наоѓа во доказна постапка и продолжува со изведување докази од обвинителството, откако на минатото рочиште беа сослушани вештите лица Александар Станков и Рената Јанкова […]

Вештите лица потврдија дека Тот починал од последиците од тепањето


Со сведочење на вештите лица Александар Станков и Рената Јанкова од Судска медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, денеска продолжи изведувањето на доказите на обвинението за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје. Вештото лице Александар Станков изјави дека повредите кои ги здобил […]

Таткото на починатиот ракометар Денис Тот се приклучи кон кривичниот прогон на обвинетите


Таткото на хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, денеска пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд во Скопје изјави дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите. Игор Тот, таткото на Денис, кажа дека од денот кога тоа се случи, за нив затанал животот. – Повеќе […]

Започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот


Со воведен говор на јавниот обвинител, во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј […]

Судењето за убиството на ракометарот Денис Тот почнува на 5 септември


Судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во градскиот парк во Скопје, почнува на 5 септември. Случајот, како што потврдуваат за МИА од Основниот кривичен суд Скопје ќе го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Обвинетите за убиството се Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Основното јавно […]

Од ударите паднал во кома, а потоа починал – поднесено обвинение за убиството на ракометарот Денис Тот


Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека денеска поднело обвинение против три лица за убиство на ракометарот Денис Тот. – По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението […]

Приведен првоосомничениот за убиството на ракометарот Тот


Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека е приведен осомничениот А.Ѓ. по кого се трагаше за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Осомничениот е приведен на територија на Скопје. За него, како што информира МВР, веќе е донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена. – Министерството за внатрешни работи утринава го извести […]

Меѓународна потерница за Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничен за убиството на ракометарот Денис Тот


Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница по лицето Анџело Ѓорѓиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица „9“ бр.5, во село Волково. Тој се бара по Наредба  КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од […]

Спасовски: Полицијата има видео снимка од настанот со ракометарот, причината според исказите е недоразбирање на девојката и момчето


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, како што рече, со индигнација го отфрли сето она што деновиве се пласира во јавноста за наводно криење на овој случај, застој во истрагата. Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата, во врска со починатиот хрватски ракометар Денис Тот. Тој најави дека за едното лице по […]

Клиниката КАРИЛ со реакција за шпекулациите поврзани со трагичната смрт на ракометарот Денис Тот


Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ денеска ги осуди како што наведуваат сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар и преку соопштение дава факти за случајот: „Остро ги осудуваме сите шпекулации во однос на транспареноста на овој трагичен настан. Од самиот прием ја истакнавме тежината на состојбата во која […]

Од МВР велат дека немало траги на насилство врз ракометарот Денис Тот


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста, […]

Хрватски медиуми: Тот бил претепан во ноќен клуб, видео-снимките се избришани


Хрватските медиуми со големо внимание ја следат ситуација со ракометарот на Бутел, Денис Тот, кој се наоѓа во критична состојба по вчерашното претепување во Скопје. Според порталот „Вечерњи“ хрватскиот ракометар бил претепан во ноќен клуб, а снимките од безбедносните камери биле избришани. „Некој знае што прави“, пишува порталот повикувајќи се на лице познато на редакцијата. […]

Ракометарот на Бутел, Денис Тот, претепан во Скопје, се бори за живот


Хрватскиот ракометен интернационалец од клубот Бутел се бори за живот во една од скопските болници, откако бил претепан вчера во Скопје. Од клубот потврдија дека Тот се наоѓа во критична состојба и дека е претепан, но не кажуваат повеќе детали. Според неофицијалните информации, Тот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е […]