Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали


Министерот за здравство Илир Демири денеска испратил допис до Владата во кој бара итно и неодложно да се промени компресорската станица на Клинички центар за да проработат хируршките сали кои 13 дена се затворени. Демири, како што стои во објавата на социјалните мрежи на Министерството за здравство, побарал и да се средат сите работи околу […]

Разрешен е директорот на Кардиохирургија: Пациенти прегледувани без да ги има во системот


  Разрешен е медицинскиот директор од Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски. Министерот за здравство, Илир Демири, кажа дека преку ред биле пуштани лица во Клиниката, а не биле внесувани во системите. Според него, во клиниката и натаму има нарушени меѓучовечки односи. „170 лица не биле внесени во ‘Мој термин’. Денеска одлучив да го суспендирам медицинскиот […]

Демири ги поучи новинарите со кои теми треба да се занимаваат во здравството


Здравствениот систем е поставен на криви нозе, смета актуелниот министер за здравство Илир Демири, а ги поучи новинарите да не се занимаваат со цевки од парно, туку со незавршените објекти, да не се занимаваат со 18 луѓе кои останале без леб, затоа што не им се продолжени договорите, туку со тоа кој ги оставил без […]

Министерот за здравство Демири промовираше мурал во Клиничка болница Тетово


На една од зградите во Клиничка болница Тетово, градскиот уметник Аријан Џафери почна да изработува мурал. Изработката на муралот е во соработка помеѓу невладината организација Лоја и Клиничка болница Тетово, посочи министерот за здравство во техничката Влада Илир Демири на денешната промоција на оваа активност. Станува збор за слика на мајка која во прегратка држи […]

Демири: Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест


 Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест, најави денеска ресорниот министер Илир Демири. -Сите приватни специјализанти добиваат надомест од 25 до 28 илјади денари и им се платени дежурствата. Дел од нив по објавувањето на изборите и по започнувањето на кампањата зпотегнаа иницијатива за да се зголеми нивниот надомест. Со задоволство би го направиле […]

Демири им порача на специјализантите да бидат трпеливи – повисоки плати по изборите


Министерот за здравство Илир Демири бара трпение од специјализантите кои бараат повисоки плати. Тој вели дека нивните барања имаат политичка заднина. „Направивме една компарација каква беше нивната позиција пред 2017 година и каква е сега. Има една голема разлика оти до 2017 година немаа никакви примања, имаа нула примања. Сегашните примања не велам дека се […]

Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила


Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот Дом во Охрид и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“–Охрид. -Во изминатиот период, Здравствениот дом значително ги унапреди условите со реновирање на просториите во Службата за вакцинации, како и зголемување […]

Демири и д-р Димитров: Продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години


Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска оствари средба со претседателот на Македонското лекарско друштво проф. д-р Горан Димитров на којашто разговараа за продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години и кои учествуваат во едукација на младите кадри на сите медицински факултети во земјава. Со оваа иницијатива и прифаќањето на оваа […]

Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што го усвои Националниот акционен план за здравствена безбедност (НАПЗБ)


Северна Македонија стана првата земја од Западен Балкан што официјално го усвои планот НАПЗБ, што ќе помогне да се унапреди здравствената безбедност во земјата преку ангажирање партнери, обезбедување ресурси и градење капацитети за имплементација на Меѓународниот здравствен правилник – глобалната рамка за координација на управувањето со итни случаи во јавното здравје. Усвоениот национален план е […]

Демири: Ако треба, ќе се донесат законски измени за казнување антиваксери


Министерот за здравство Илир Демири денеска јавно се обврза дека ќе преземе мерки за да се утврди како е основано Здружението на антиваксери и по кој законски принцип функционира. Секоја изјава во медиумите, рече, треба да се проследи и да се види точно кој стои зад антиваксерските кампањи. Како што најави, ако е потребно, ќе […]

Демири: За Индов ќе се покријат трошоците, но за системско решение ќе треба да поминат изборите


 Министерот за здравство Илир Демири денеска на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов изјави дека Владата и Министерството се комплетно посветени и ќе се изнајде решение со кое ќе му се помогне, односно ќе му бидат покриени трошоците. Системско решение, како што посочи, во предизборниот период и во време на техничка влада, не […]

Демири ќе разговара со семејството на Леонид Индов за трошоците за неговата рехабилитација


Случајот на Леонид Индов бил разгледан на денешната владина седница и биле образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на неговата рехабилитација, што се одвива во моментов, информираа вечерва од Министерството за здравство. – Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на […]

Демири: Свесноста за органодарителството се зголемува


Горд сум што свесноста за органодарителството се зголемува, истакнал министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири на стручниот состанок посветен на подобрување на Националниот систем за трансплантација. Министерството за здравство соопшти дека Демири во своето излагање упатил благодарност до сите експерти кои во континуитет даваат стручен придонес во овој процес, а посебно до тимот […]

Демири: Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка, 34 случаи на голема кашлица досега


 Центарот за јавно здравје Скопје има прогласено епидемија и моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Ја користам можноста да се обратам до сите граѓани, особено на родители кои имаат мали деца, најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинација. Затоа замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца, истакна денеска новиот […]

Илир Демири и Наим Бајрами предлози за министри од АА


Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објави дека одлучила да предложи нови кандидати за министри за здравство и за информатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата. – Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член […]