Јужнокорејските власти го повлекуваат DeepSeek од локалните онлајн продавници за апликации


Јужнокорејските власти објавија дека ја отстрануваат кинеската апликација за вештачка интелигенција DeepSeek од локалните онлајн продавници за апликации. Мерката ќе биде во сила додека властите го испитаат начинот на кој кинеската компанија што ја создаде апликацијата управува со податоците на своите корисници. Целта е да се заштитат личните податоци на корисниците. 

„Mајкрософт“ истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI


„Mајкрософт“ и „ОпенЕјАј“ (OpenAI) водат истрага за тоа дали „ДипСик“ (DeepSeek), кинески стартап за вештачка интелигенција, незаконски презел податоци за технологијата на развивачот на ChatGPT, објави денеска Блумберг. Експерти за безбедност на „Мајкрософт“ оваа есен регистрирале масовно извлекување на податоци преку програмскиот интерфејс на OpenAI од лица за кои се претпоставува дека се поврзани со […]

DeepSeek работи добро, додека не го прашате за Тјенанмен и за Тајван


  Апликацијата за вештачка интелигенција се искачи на топ листите на „Епл“ и ги потресе акциите во САД, но кинескиот чет-бот не сакаше да разговара за чувствителни прашања за Кина и нејзината влада Лансирањето на нов чет-бот од кинеската фирма за вештачка интелигенција DeepSeek предизвика пад на американските технолошки акции бидејќи се чинеше дека функционира […]

„Ова е повик за будење“: Трамп за кинескиот чет-бот со вештачка интелигенција DeepSeek


Доналд Трамп изјави дека лансирањето на чет-бот од кинеската DeepSeek е „повик за будење“ за американските технолошки фирми во глобалната трка да доминираат со вештачка интелигенција. Појавата на DeepSeek, кој го изгради својот чет-бот R1 модел за мал дел од цената на конкурентите како што се ChatGPT на OpenAI и Gemini на Google, избриша вредност […]