Секое трето дете во Македонија има зголемена тежина, отворен специјален центар во Козле


Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести каде е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата.  Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30% од децата на возраст од […]

Алиу: Прекумерната тежина е сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети


Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас, кој посебно ги засега децата и адолесцентите. Статистичките податоци покажуваат дека во нашата држава преваленцата на обезноста изнесува 30–35 проценти. Во таа насока, е посебно значајно функционирањето на центрите за третман на дебелина на Клиниката за ендокринологија […]

Ученици дискутираа за дебелината со градоначалникот и советници во Општина Центар


Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски ја отвори панел-дискусијата на тема „8 милијарди причини за дејствување против дебелината“, настан по повод 4 март – Светскиот ден на дебелината, што се реализираше во основното училиште „Кочо Рацин“, соопштија попладнево од локалната самоуправа. – Од стручен аспект говореа проф. д-р Антони Новотни и доц. д-р Александар Савески, […]

Дебелината предизвикува 220 здравствени компликации или коморбидитети


Дебелината не е проблем на естетика. Таа е хронична, мултифакторијална болест што мерливо ги зголемува ризиците за најтешките состојби што ги гледаме секојдневно во кардиологијата, неврологијата, онкологијата, репродуктивната медицина, хепатологијата, ортопедијата и така натаму. Ова го истакна денеска проф. д-р Ирфан Ахмети, ендокринолог и претседател на научното здружение за обезност – ОБЕМ на почнувањето на […]

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина


Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека е постигнат договор со фармацевтските гиганти Novo Nordisk и Eli Lilly за намалување на многу високите цени на неколку водечки лекови за дијабетес и дебелина во САД. – Драго ми е што можам да објавам дека двата најголеми светски производители на лекови, Eli Lilly и Novo Nordisk, се […]

УНИЦЕФ предупредува: Повеќе деца се дебели отколку недохранети, главен виновник е ултра-преработената храна


Светот за прв пат се соочува со алармантна реалност: повеќе деца се дебели отколку недохранети, покажа голема студија на добротворната организација за деца УНИЦЕФ. Се проценува дека околу едно од десет деца на возраст од пет до 19 години, или околу 188 милиони деца и млади луѓе, се погодени од дебелина, објави Би-Би-Си. Истражувачите го […]

Студија: Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголеми шанси да бидат дебели од неоженетите


Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа едно полско истражување. Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е зголемен за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите. […]

Операции за намалување на тежината на 40 пациенти ќе се направат на државен трошок


Место во странство, 40 пациенти со прекумерна дебелина ќе може да направат операција за намалување на тежината кај нас, а трошокот ќе го покрие Фондот за здравствено осигурување. Клиниката за дигестивна хирургија е подготвена до крајот на месецот или на почетокот на следниот да почне со операции. За операција ќе бидат издвоени пациенти што веќе […]

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина


Достапните здравствено осигурувања во САД, „Медикеар“ и „Медикејд“, од наскоро ќе опфаќаат и бесплатни лекови против зголемена телесна тежина, јавија синоќа од Белата куќа. Осигурувањето ќе покрива лекови чија цена надминва 1.000 долари.   -Овој предлог ќе им овозможи на Американците и нивните лекари да одредат најдобар начин за прогрес во водењето поздрав начин на […]

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина, кај нас 55,7 проценти


Над половина од возрасните граѓани во земјава имаат прекумерна тежина, а „подебели“ во регионот се само Хрватите, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина односно Индекс на телесна маса (БМИ) еднаков или поголем од 25. Најголем процент на возрасни луѓе со прекумерна […]

ИЈЗ: Момчињата од урбани средини ни се подебели од девојчињата


Дебелината кај возрасните и децата во Северна Македонија е стабилно на високо ниво, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Светскиот ден на дебелина – 4 март. -Најновата студија објавена во „The Lancet“ покажува дека, во 2022 година, повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со дебелина. Во светот, од 1990 година, […]

Имаат „скриени“ калории: Мали навики кои ве спречуваат да ослабете


 Физичката активност и поздравата исхрана понекогаш не се доволни за слабеење. Имено, кога некое време не гледате промена кај себе, време е да ги промените малите навики кои ве кочат во овој процес. Овие мали навики се однесуваат на нашата секојдневна исхрана, поради што понекогаш не сме ни свесни дека трошиме повеќе калории или некои […]

Пет неочекувани причини зошто нагло се здебелуваме


Одржувањето на посакуваната телесна тежина за многумина не е лесна задача, а диететичарите 0 предупредуваат дека одредени работи можат дополнително да придонесат за зголемување на килограмите. Според Men’s Health, многу луѓе не знаат дека токму овие навики или појави можат да предизвикаат нагло дебелеење. Сол Внесувањето сол или натриум предизвикува несакано задржување на водата во […]

Вишокот килограми носи опасност од рак на бубрезите и на дебелото црево


Лицата со прекумерна тежина се соочуваат со зголемена можност од рак – дури и кога се чини оти се медицински здрави, посочува истражување на Универзитетот Лунд во Малме, Шведска. Истражувачите проучувале здравствени податоци на речиси 800.000 жители на Европа. Така, откриено е дека најзагрозени се обезните луѓе со метаболички компликации. Нормалниот крвен притисок, холестерол и […]

СЗО: Повеќето возрасни луѓе во Европа се со прекумерна тежина или дебели


Данска –  Повеќе од половина од возрасните во Европа се премногу дебели, според Регионалниот извештај за дебелината за 2022 година претставен од Светската здравствена организација (СЗО) денеска. Околу 59 отсто од возрасните во европскиот регион на СЗО се со прекумерна тежина или дебели, покажуваат податоците. Проблемот погодува повеќе мажи отколку жени, при што 63 отсто од […]

Дел од проблемот со дебелеењето се должи на ДНК-та на човекот


Англија– Науката со години тврди дека вишокот килограми не е предизвикан само од недостаток на дисциплина и прејадување. Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон, пак, сега открија десетици делови од човечката ДНК кои влијаат на метаболизмот, што игра клучна улога во губењето килограми. Ова е втора студија за кус временски период што укажува на истиот овој […]