Нормализиран сообраќајот на патот Дебар – Маврово


Сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово е нормализиран, информира АМСМ. Од поголем одрон денеска беше затрупана едната лента од коловозот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, во должина од 20 до 30 метри, и по неа сообраќајот не се одвиваше. Се до расчистување на одронот, сообраќајот се одвиваше наизменично по другата коловозна лента.

Поради одрон во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово-Дебар


На магистралниот пат А2, патен правец Маврово –Дебар, пред село Жировница, од 02:30 часот поради голем одрон сообраќајот е во целосен прекин, информираат од ЈП Македонија пат. Екипите ЈП Македонија пат работат на рачистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. Поради одрон сообраќајот наизменично се одвива на регионалниот пат Р 1202, Маврово – Дебар кај местото […]