Владата усвои измени на Законот за трансплантација, граѓаните ќе можат да ја евидентираат и менуваат одлуката за дарување органи


Владата денеска на предлог на Министерството за здравство, го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување, со кој се предвидуваат нови механизми за евидентирање на волјата на граѓаните за органодарителство и се проширува опфатот на можни дарители во системот, соопштуваат од Министерството за здравство. […]

Дарувањето органи да биде државна стратегија, вели д-р Мојсова Мијовска


Националниот координатор за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска, смета дека дарувањето органи мора да е државна стратегија, и една држава без оглед кој е на власт треба директно да вложува и да го гради тој систем. Таа вели дека трансплантацијата воопшто не е лесен процес. – Се впрегнува цела машинерија, премногу медицински лица кои се […]