Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика


Светското првенство во атлетика што се одржува во Токио стартува утре и ќе трае до 21.септември. Двајца македонски претставници ќе бидат дел од светскиот атлетски самит. И двајцата ќе трчаат на маратонските трки. Прва ќе настапи Адријана Поп-Арсова Рашиќ на женската маратонска трка која ќе се одржи на 14.септември – недела наутро. На стартната листа […]

Доминација на Дарио Ивановски на 5.000 метри – голема победа за Македонија на Европското екипно првенство


Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски, забележа убедлива победа на трката на 5.000 метри, која се одржа во Марибор, Словенија, во рамки на Европското тимско првенство – трета дивизија. Ова е втора победа за македонската атлетска репрезентација на шампионатот. Ивановски трката ја заврши со време од 14:04,06 минути, што претставува негов најдобар резултат оваа сезона, иако […]

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски денес трча на Олимписките Игри


Маратонецот Дарио Ивановски денес ќе ја претставува Македонија на Олимписките игри трчајќи го маратонот на 42 километри. Ивановски во Париз ќе се обиде да го подобри неговото најдобро време од 2:08:26, остварено оваа сезона, што е и национален рекорд во маратон. Овој рекорд тој го постави во Севиља во Шпанија во февруари оваа година. Олимпискиот […]

Дарио Ивановски победник на “Охрид трчат 2024“


Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Дарио полумаратонот го истрча за 1:10:01 часа, пред бугарските атлетичари , второпласираниот Михаил Валковски (1:14:00) односно третопласираниот Николај Николов (1:15:44). Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра […]

Македонскиот олимпиец Дарио Ивановски на „Охрид трчаТ“ 2024


На осмото издание на најголемата спортска манифестација во градот покрај Охридското Езеро, атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што оваа година ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни, ќе трча Дарио Ивановски, засега единствениот учесник од Македонија на Летните олимписки игри во Париз. -Улиците на Охрид претстојниот викенд ќе бидат олимписки благодарение на нашиот олимпиец, […]

Македонија го доби првиот сигурен учесник на Олимпијадата: Дарио ќе трча во Париз


Македонскиот рекордер во маратон и најдобриот Македонски атлетичар на сите времиња, Дарио Ивановски е првиот Македонски спортист кој избори пласман на Летните Олимписки Игри во Париз, објавија од Скопски маратон. Во дисциплината маратон, се квалификуваа 70 со норма и 11 со ранкинг, вкупно 81 натпреварувач. Нашиот маратонец е рангиран на 78. место, а тоа го […]

Ивановски освои сребро на Балканското атлетско првенство


Сребрен медал со време на нов национален рекорд освои македонскиот атлетичар Дарио Ивановски во трката на 3.000 метри на Балканското сениорско првенство во сала чиј домаќин денеска е Истанбул. Ивановски мина втор низ целта со резултат 7:58.48, зад новиот балкански шампион Вид Ботолин од Словенија, додека бронзата му припадна на Турчинот Мурат Емектар. Претходно, денеска […]