Кој го крши Уставот, Данокот за солидарност или Уставниот суд, прашува даночниот експерт Славко Лазовски


  Нашиот познат даночен експерт Славко Лазовски, кој долги години работеше во Министерството за финансии и беше активно вклучен во даночните реформи во земјава, но и како пензионер редовно дава коментари за прашања од даночната област, во пост на Фејсбук се осврна на одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за солидарен данок, за […]

Стопанската комора за одлуката на Уставен суд за солидарниот данок: Даночните политики мора да обезбедат правна сигурност


Стопанската комора на Северна Македонија ја поздравува одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност, со што се потврдува исправноста на аргументите што бизнис-заедницата ги изнесуваше во изминатиот период. Од самиот почеток, Комората доследно укажуваше дека ваквото законско решение, особено со неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година, сериозно ја загрозува […]

За солидарниот данок има повеќе иницијативи, мала е веројатноста Уставниот суд да ги разгледа годинава


За Законот за солидарен данок има повеќе иницијативи пред Уставниот суд и тие се работат, изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, посочувајќи дека таа не е оптимист дека ќе се најдат на седница пред уставните судии до крајот на годината.  Прашана до каде е постапката по иницијативте во врска со солидарниот данок и дали […]

Данок на солидарност сѐ уште не платиле 26 компании, должат речиси 12 милиони евра


  Данокот на солидарност сѐ уште не го платиле 26 компании кои вкупно по оваа основа должат 726,6 милиони денари (околу 11,8 милиони евра), информираше денес на брифинг со новинарите директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Само една од овие компании должи 294,6 милиони денари (околу 4,7 милиони евра). Станува збор за фирма од средна големина […]

Стопанската комора на северозападна Македонија поднела жалба до Уставниот суд за Законот за данок на солидарност


 Стопанската комора на северозападна Македонија денеска информираше дека поднела жалба за Законот за данок на солидарност до Уставниот суд. Според Комората, законот е противуставен, дестимулативен и непринципиелен. – Нашите оценувања се дека во овој случај, правната држава ќе излезе на виделина докажувајќи дека нашата земја е соодветна за водење бизнис и дека правната сигурност е […]

Уставен суд: Формирани предмети во кој е оспорен Законот за данок на солидарност


 Уставниот суд информира дека се оформени два предмета по поднесени иницијативи, во кои е оспорен Законот за данок за солидарност во целина. Oва, како што велат од Судот, значи дека Уставниот суд допрва ја почнува постапката и ќе ги испитува наводите во двете иницијативи. Иницијативите се поднесени од Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, […]

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност


Стопанската комора на Северна Македонија вчера ја поднела Иницијативата што ја најави за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на РС Македонија, со предлог за донесување решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија донесени врз основа на оспорениот Закон, до донесување на конечната […]

Данокот на солидарност од 90 милиони се „стопи“ на 50 милиони евра


  Законот за данок на солидарност денеска беше објавен во „Службен весник“, а поради сите оддолжувања кои го следеа неговото донесување во Собранието, компаниите наместо до денес, ќе мора да се „отчетаат“ пред Управата за јавни приходи до 10 октомври со цел да се утврди нивната даночна обврска. Се стопија и очекуваните приходи во Буџетот […]

За Стопанската комора данокот на солидарност е злоупотреба на ЕУ регулативите, ќе го оспори пред Уставен суд


Носењето на Законот за данок на солидарност не претставува никакво усогласување со директивите и регулативата на ЕУ, напротив тоа е само злоупотреба на тие регулативи, за што се можни две причини: дека воопшто не се разбира Регулативата 2022/1854 и дека можеби правилно се чита Регулативата 2022/1854, но свесно се изнесуваат неточни податоци и користејќи ја […]

Заврши расправата за Предлогот на Закон за данок на солидарност, ќе се гласа дополнително


 На 120 седница во Собранието на Република Северна Македонија, денеска заврши општиот претрес по Предлог на закон за данок на солидарност, а гласањето по предлогот ќе биде дополнително закажано. Спроведувањето на Предлогот на закон за данок за солидарност, како што се вели во објаснувањето од министерот за финансии Фатмир бесими до пратениците, ќе предизвика позитивни […]

Собранието ја продолжи 120 седница, пратениците расправаат по Предлог на закон за данок на солидарност


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржува продолжението на 120 седница, на која пратениците расправаат по Предлог на закон за данок на солидарност. Спроведувањето на Предлогот на закон за данок за солидарност, како што се вели во објаснувањето од министерот до пратениците, ќе предизвика позитивни фискални импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија […]

Стопанската комора и странските инвеститори контра Бесими: Данокот на солидарност е без соодветна консултација со бизнисот


Стопанската комора на Северна Македонија и Советот на странски инвеститори денеска преку соопштение за медиумите уште еднаш реагираат дека законот за данок на солидарност се носи без соодветна консултација со бизнисот и покрај изјавите на министерот за финансии дека законот е дискутиран на повеќе јавни расправи во кои била вклучена и бизнис заедницата. Како што […]

Данок на солидарност ќе треба да платат околу 200 компании, во Буџетот ќе се слеат 77 милиони евра


Околу 200 компании би требало да бидат опфатени со данокот на солидарност, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, а проценките се врз основа на евиденциските анализи што ги има направено УЈП согласно даночните биланси што ги имаат доставено компаниите во Управата. -Зборуваме за споредбени податоци, 2022, 2021 итн. Очекувањата се дека околу […]

Амандманска расправа за законот за данок на солидарност: Опозицијата бара нова потпрограма за собраните средства


Во собраниската Комисија за европски прашања во тек е амандманска расправа за Законот за данок на солидарност, во второ читање кој се носи по скратена постапка, а која треба да продолжи по дадената пауза. Поднесени на законот се три амандмани од овластени предлагачи. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски го образложи амандманот на член 3 став […]

Мицкоски гледа скриени намери со средствата од данокот за солидарност


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со Стопанската комора на северозападна Македонија каде што, меѓу другото, се разговараше и за најновиот даночен закон кој што денес веќе влезе во собраниска процедура, наречен Закон за солидарност. Запрашан од медиумите што мисли со тоа што се наговестува дека власта има скриени намери со […]

Стопанската комора на северозападна Македонија против Предлог-законот за данок на солидарност


Стопанската комора на северозападна Македонија е против Предлог-законот за данок на солидарност и го смета за неуставен и казнен. Во реакција до медиумите СКСЗМ укажува дека вакво законско решение ќе ги дестимулира компаниите да инвестираат и да се развиваат, затоа што во случај на пораст на приходите и нето добивка, тие ќе бидат казнети. -Стопанската […]

Продолжение на 120. седница на Собранието


Во Собранието денеска треба да се одржи продолжението на 120-та седница. Од дневниот ред на седницата се преостанати повеќе точки, меѓу кои Предлог-законот за данокот на солидарност, по скратена постапка, предлозите за именување на членови на Фискалниот совет на Република Северна Македонија, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеничката […]

Измените на законите за даноците и за данокот на солидарност го оптоваруваат бизнисот, оценува Мицкоски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оцени дека измените на Законот за ДДВ и на Законот за персоналниот данок на доход, како и предложениот закон за данокот на солидарност не му помагаат на бизнисот, туку го оптоваруваат. Како што изјави по средбата во Сојузот на стопански комори, овие три закони се носат „шверцерски“ во Собранието. […]

ВМРО-ДПМНЕ е против законите за данокот за солидарност, за ДДВ и за добивка, биле штетни за економијата


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ги поддржи законите за данокот на солидарност, за ДДВ и за добивка, кои како што е најавено, ќе се носат со европско знаменце. Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција истакна дека тие ќе ги искористат сите деловнички можности за да ги разубедат колегите пратеници преку […]

Предлог законот за данокот на солидарност и измените на Законот за данокот на добивка поминаа на Влада


Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог на закон за данокот на солидарност. Целта на овој Предлог на закон, според образложението на Министерството за финансии, е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи, во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од ценовната и […]