Даниел Живковиќ е нов претседател на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора
Даниел Живковиќ, доскорешен вршител на должноста претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС), беше избран за нов претседател на таа партија, со повеќе од 96 отсто од гласовите, на првите непосредни внатрепартиски избори. Изборачкото право го искористиле 71,78 отсто од партиските членови, а гласањето се поминало без нерегуларности. За потпретседатели на ДПС се избрани Александра […]