Со далекуводот Битола-Елбасан стануваме балканска крстосница за дистрибуција на електрична енергија
Далекуводот од ТС „Битола 2“ до македонско-албанската граница, инвестиција во износ од 17,2 милиони евра, има регионална стратешка и капитална вредност која овозможува поврзување на електропреносните системи на Северна Македонија и на Албанија, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешниот промотивен настан во Битола. Според премиерот Ковачевски, со новата енергетска врска се заокружува процесот на поврзување […]