Разговор со Д.А. Лори во Градската библиотека
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе се одржи разговор со поетесата Долорес Атанасова-Лори, чија стихозбирка „Сега ТИ стануваш ЈАС“ е книга на месецот. „Сега ТИ стануваш ЈАС“ (издание на „Чудна шума“) е последната, осма книга од вториот циклус на кампањата „Читаме современи македонски автори“ којашто ги промовира македонските писатели и македонскиот јазик. […]