Силен земјотрес од 7,8 степени ги погоди Филипините. Има мртви, издадено е предупредување за цунами


Филипинската полиција соопшти дека најмалку три лица се мртви, а четворица се повредени откако земјотрес со магнитуда од 7,8 степени го погоди еден од јужните острови на земјата. Според Ројтерс, нема непосредни детали за пријавените жртви, но досега објавените снимки покажуваат голема материјална штета и урнати згради. Предупредувања за цунами беа издадени откако земјотресот го […]

Земјотрес со јачина од 7,4 степени ги погоди Филипини – издадено е предупредување за цунами


Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди јужниот филипински остров Минданао, пренесува Би-би-си. Првичните информации говорат дека има најмалку една жртва, а се прават проценки за повредени. Според Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на земјотресот е на околу 20 километри од брегот на градот Манај, а се случи во 9:43 […]

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен по Рихтер ја погоди Тонга, има опасност од цунами


Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди денеска Тонга, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а Американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека постои опасност од цунами во оваа островска земја во Тихиот Океан. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на […]

Земјотрес и цунами во Јапонија


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија по што цунами висок 50 сантиметри денеска го погоди островот Хачијо јужно од Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА). Според полицијата, засега нема повредени. Епицентарот на земјотресот бил во водите кај Торишима во архипелагот Изу, на длабочина од околу 10 километри. Според податоците […]

Силен земјотрес на Филипините, погледнете какво предупредување е издадено за цунами


Многу силен земјотрес ги погоди Филипините. Според податоците на EMSC, земјотресот бил со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала. Исто така, издадено е предупредување за цунами. 🌐 6.7-magnitude earthquake hits Philippines 𝐁𝐀𝐇𝐀 https://t.co/ENgqLEc9Lw An earthquake with a magnitude of 6.7 struck the southern Philippines, the European-Mediterranean Seismological Centre (EMSC) said on Friday. The quake's […]

Земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди Индонезија, нема предупредување за цунами


Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на Бандското Море во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).  Епицентарот на земјотресот бил на 370 километри југоисточно од Амбон, на длабочина од 146 километри, додава ЕМСЦ.  Нема предупредување за цунами од земјотресот, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување од цунами (ПВТЦ), […]

Индонезија погодена од силен земјотрес од 7,3 степени, издадено предупредување за цунами


Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел од индонезискиот остров Суматра, соопшти Индонезиската геофизичка агенција (БМКГ), по што е издадено предупредување за цунами. Претходно Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,9 степени. По земјотресот, чиј епицентар беше на длабочина од 84 […]

Цунамито во Јапонија преврте и во океанот однесе 20 бродови (видео)


Цунамито, што се формира по подводната ерупција на вулакнот Хунга-Тонга-Хунга-Хапаи, ноќеска оштетило најмалку 20 бродови во пристаништата во префектурите Токушима и Кочи, во западна Јапонија, јави NHK. Бродовите биле превртени и однесени во океанот, јавуваат медиумите. Првичните информации говореа за пријавени 10 оштетени јапонски бродови. Околу 230.000 Јапонци, кои живеат во областите долж брегот на […]

Мина опасноста од цунами по ерупцијата на вулканот во Тонга, значитечна штета во главниот град Нуку’алофа


Цунамито предизвикано од вулканска ерупција на архипелагот Тонга предизвика „значителна“ штета во Нукуалофа, главниот град на архипелагот, изјави денеска премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, додавајќи дека заканата сега е прогласена за надмината. Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) во 4 часот по средноевропско време соопшти дека заканата од цунами „главно помина“ во океанските […]

Тонга издаде предупредување за цунами по ерупција на подводен вулкан


Тонга, островска држава во Пацификот, денеска издаде предупредување за цунами по ерупција на подводен вулкан. Видео објавено на социјалните мрежи покажува големи бранови кои ги погодуваат крајбрежните области. Метеоролошката служба на таа земја соопшти дека е издадено предупредување за цунами за целиот архипелаг Тонга. Денешната ерупција е последната во серијата ерупции на вулканот Хунга-Тонга Хунга […]