ЦУК: До 7:30 часот 31 пожар на отворен простор, четири се активни, а три под контрола


Утринава до 7:30 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 24 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, […]

Пожарникари ќе дежураат цела ноќ за да го заштитат селото Габер и околните населени места


Заедно со командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томевски, и екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, се наоѓаме во село Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране, објави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али и додаде дека противпожарните екипи ќе останат на […]

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи


Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, официјално го потпиша договорот за реализација на повеќегодишниот проект G10231 – „Интероперабилен систем за командување со инциденти управуван од вештачка интелигенција за прекуграничен одговор при кризни и итни состојби (NICS-2)“, кој се спроведува во рамки на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ (Science for […]

ЦУК и УХМР навремено ќе ги информираат граѓаните за непогоди


 Директорите на Центарот за управување со кризи и на Управата за хидрометеоролошки работи, Мухамед Али и Игор Лазаровски, денеска потпишаа меморандум за соработка.  Како што информираат од ЦУК, потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор кон продлабочување на веќе воспоставената успешна соработка помеѓу ЦУК и УХМР, кои континуирано работат во насока на навремена размена […]

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб


Повреден планинар успешно е спасен откако е добиена пријава преку Единствениот број за итни повици 112. По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово остварило координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцирале повредениот планинар, кој […]

ЦУК: Јавните комунални претпријатија се справуваат со последиците од поплавите, ситуацијата се смирува


Јавните комунални претпријатија во Пелагонискиот регион и во останатите региони во земјава се на терен и се справуваат со последиците од поплавите, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) и додавааат дека состојбата се стабилизира. Како што се посочува во информацијата од ЦУК за состојбата до 17:00 часот, во Битола во населбата Стрчин интервенира ЈКП […]

Излевања на реки, поплави, одрони, евакуирани 60 жители во Кичево … ЦУК по обилните вчерашни дождови


 Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи заклучно со 21 часот синоќа предизвикале излевања на дел од реките, поплави на станбени објекти, земјоделство земјиште, подруми, како и одрони и свлечишта на дел од патиштата. Од ЦУК велат дека ја следат состојбата и ги повикуваат граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, да ги […]

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по добиена пријава на бројот за итни повици 112, поради врнежи од дожд повторно има свлечиште на патот кон Бањиче, тетовско. – Се апелира до граѓаните да не патуваат на оваа делница додека не се стабилизира состојбата. Општинските екипи се на терен и ја следат ситуацијата, наведуваат […]

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жителите од улицата „Прилепска“ во Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче


По обилните дождови во делови од земјата се пријавени поплави и одрони на патиштата. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поплави се пријавени во Кичево, каде се евакуираат жители од повеќе станбени објекти на улицата „Прилепска“ и во Охрид, додека одрони има на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, при што сообраќајот се одвива […]

Свлечиште кај Шипковица – четири семејства ќе се евакуираат


Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица.   Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени четири куќи. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се […]

Итен координативен состанок во ЦУК откако се појавило обрушување на земјиште на Водно


По иницијатива на Општина Центар, во Центарот за управување со кризи денес се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби. Состанокот беше свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и […]

ЦУК ќе додели благодарници по повод 20 години од основањето


 Во рамки на одбележувањето на 20 години од основањето на Центарот за управување со кризи, денеска во ЦУК ќе се одржи прием за медиумите по повод професионалното информирање за време на кризните состојби.  На настанот, како што информираат од ЦУК, ќе бидат доделени благодарници за објективно, навремено и професионално информирање за време на кризни состојби. 

Активни четири пожари, гори кај Василево, Нивичиново, Македонски Брод …


Активни се четири од вкупно 25 пожари на отворен простор заклучно со 19:30 часот. Три пожари се под контрола, а 18 се изгаснати, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Василево, с.Нивичино, каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод,  во с.Грешница, со зафатена мешана шума и ниска […]

Пожарот кај Желино под контрола, биле најдени запалени гуми од возила


Пожарот што избувна денеска попладне во општина Желино е ставен под контрола, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи. Со пожарот се зафатени десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација. – Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше […]

Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати


Активни се осум пожари на отворен простор заклучно со 18:30 часот, од вкупно 25 во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се 15, а под контрола се пет пожари на отворено. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Василево кај с. Нивичино каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод […]

ЦУК со мапа: Централниот дел на земјава и Кумановско под висок ризик од пожари


Дел од територијата на Македонија е под многу висок ризик од појава на пожари, покажува една од трите мапи кои ги објави Центарот за управување со кризи(ЦУК). Во моментот се детектирани само две горливи точки кои оддаваат топлина во околината на селото Николиќ кај Дојран, велат од ЦУК, посочувајќи дека точките се детектирани преку сателитски […]

ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати


До 7:30 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор низ државава, од кои седум се активни, четири се под контрола и изгаснати се 27 пожари. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: Општина Чучер Сандево – помеѓу селата. Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар); Општина […]

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите


СМС пораки стигнуваат до жителите во нашата држава, два дена по донесувањето на одлуката на Владата за прогласување кризна состојба поради пожарите.  „Ве известуваме дека на територијата на цела држава е прогласена кризна состојба за полесно справување со шимските пожари. Воедно ве известуваме и дека во сила е забрана за движење во шумите“, стои во […]

Се вжешти линијата на ЦУК: Над 4.000 интервенции во еден ден


Системот за итни повици E-112 забележа рекорден број на повици на 9 јули 2025 година (среда), со вкупно 4.199 евидентирани повици во еден ден. Ова е највисок број регистриран досега, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од вкупниот број повици, 711 биле испратени за услуга, што значи дека институциите биле директно активирани за интервенција. […]