Украина ја префрли поморската војна против Русија и во Црното Море


  Украинските сили за беспилотни системи (УСФ) започнаа систематска кампања на напади врз руски транспортни бродови во Црното Море, откако во текот на изминатите девет дена погодија 116 танкери и други бродови во Азовското Море, изјави командантот на УСФ, Роберт „Маѓар“ Бровди. Нападите се дел од специјалната операција „МоЛоЧКа“, чија цел е прекинување на снабдувањето […]

Нападнат турски брод во Црно Море, еден морнар загинал, а четворица се повредни


Турската крајбрежна стража соопшти дека вчера во близина на северниот брег на Црно Море нападнат е еден турски брод, при што еден морнар загинал, а четворица се повредни. Бродот „Дуру 67“ нападнат е западно од Севастопол на Крим. Сè уште никој не презел одговорност за нападот.

Анкара загрижена поради нападот врз двата танкера во Црно Море


Анкара изрази загриженост во врска со нападот врз двата комерцијални брода во Црното Море, што ги загрози човечките животи, безбедноста на пловидбата и животната средина, изјави доцна синоќа портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Ончу Кечели. „Длабоко сме загрижени за нападот во петокот, 28 ноември, врз двата танкера што пловеа под гамбиско знаме: „Каирос“ […]

Турција испрати сондажен брод за природен гас во Црното Море


Турскиот сондажен брод „Абдулхамид Хан“ отплови за Црното Море заради сондажни активности, објави „Хуриет дејли њуз“. На бродот, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар изјави дека гасното наоѓалиште Сакарија, откриено во 2020 година, е најголемото откриено во турски води и дека земјата треба брзо да го зголеми производството. Дневното производство во Сакарија моментално […]

Софија, Букурешт и Анкара ќе потпишат Меморандум за деминирање на Црното Море


 Бугарија, Романија и Турција в четврток во Истанбул ќе потпишат Меморандум за разбирање меѓу трите влади за формирање Поморска група за расчистување на мини од Црното Море и за обезбедување на безбедност на морските патишта.  Според најавите, по ова ќе следи процес на оперативно планирање на целата акција за да се изработат детални документи и […]

Вашингтон тврди дека Русите се подготвуваат за можни напади врз цивилни бродови во Црното Море


САД тврдат дека руските сили поставиле морски мини во Црното Море и се подготвуваат за можни напади врз цивилни бродови, јавија локалните медиуми. – Нашите информации покажуваат дека Русија поставила дополнителни морски мини на приодите до украинските пристаништа. Веруваме дека ова е координиран напор да се оправдаат какви било напади врз цивилни бродови во Црното […]

Осигурителни компании размислуваат за замрзнување на полисите за бродовите во Црното Море


Осигурителни компании размислуваат да ги замрзнат полисите на бродовите што сакаат да пловат во Украина, откако Русија го суспендираше учеството во договорот за транспорт на жито преку безбеден коридор во Црното Море, велат извори за западни медиуми. Иницијативата гарантираше безбеден извоз на жита и ѓубрива од три украински пристаништа на Црното Море, според договорот меѓу […]

Кремљ: Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО


Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО, тоа е заедничко море, таму мора да има неделива безбедност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков. „Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО. Тоа е заедничко море на сите приморски држави и треба да биде море на соработка, интеракција и безбедност. Во […]

(Видео) Нова драма над Црното Море: Су-27 се обиде да урне „бајрактар“ ​​


Турските медиуми објавија снимка за која тврдат дека покажуваат како Су-27 на руските воздухопловни сили се обидува да собори украинско беспилотно летало „бајракатар ТБ2“. Видеото е објавено пет дена откако два Су-27 го соборија американскиот воздухоплов MQ-9 Reaper во водите на Црното Море. Турските медиуми тврдат дека овој инцидент се случил и над водите на […]

Романија, Азербејџан, Грузија и Унгарија ќе постават подводен кабел за пренос на зелена енергија под Црно Море


Лидерите на Азербејџан, Грузија, Романија и Унгарија денеска потпишаа договор за поставување електричен кабел под Црното Море што ќе ја пренесува зелената азербејџанска енергија во Европа. Станува збор за електричен кабел од 1.000 MW долг 1.100 километри од Азербејџан до Романија, како дел од пошироките напори на Европската Унија за диверзификација на изворите на енергија […]

Турција забрани ноќен риболов во дел од Црното Море


Турските власти денеска воведоа забрана за ноќен риболов во дел од Црното Море, откако претходно денеска беше откриена мина во Босфор, пренесува БГНЕС. „Заради безбедноста на животите и имотите на нашите рибари и на нашиот народ од денеска (26.03.2022) до следното известување се воведува забрана за секаков вид риболов од зајдисонце до изгрејсонце во Црното […]

Украина: Русија го затвори за пловидба северозападниот дел на Црното Море


Украинската гранична служба соопшти дека Русија го затворила за ловидба северозападниот дел на Црното Море, јавија некои светски агенции. Присуството на бродови во оваа зона ќе се смета за терористичка закана, стоело во соопштението. Украина вчера соопшти дека Русија удрила два трговски брода во близина на јужното украинско пристаниште Одеса, еден ден откако изврши напад врз Украина. 

Турција ќе го забрани минувањето на руските воени бродови низ Црното Море


Турција ќе спречи руски воени бродови да минуваат низ Црното Море, изјави украинскиот премиер Володимир Зеленски. Во твит, Зеленски рече дека земјата ветила воена и хуманитарна поддршка на Украина. Турција ќе го запре минувањето на воени бродови низ морињата Бофсор и Дарданели кои го поврзуваат Црното со Средоземното Море. Претходно денеска турскиот министер за надворешни […]