Центарот за македонски јазик е прашање на факти, а не на предрасуди, вели професорката Јоаниду од Универзитетот од Солун


  Професорката на Катедрата за балкански јазици на Универзитетот во Солун Александра Јоаниду вели дека регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин е резултат на Преспанскиот договор и нешто што не беше можно пред 5 години. „Договорот овозможи јазикот да се именува како македонски што речиси беше забрането во Грција. Ние бевме критикувани секогаш […]