Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база


Цените на нафтата паднаа за повеќе од пет проценти денеска откако Иран нападна американска воена база во Катар како одмазда за американските напади врз иранските нуклеарни постројки за време на викендот. Фјучерсите за West Texas Intermediate паднаа за 5,3 проценти на 69,96 долари за барел, додека фјучерсите за нафта од типот Брент паднаа за слични […]

Цените на нафтата остануваат под 77 долари, фокусот е на Ормутскиот теснец


Цените на нафтата паднаа под 77 долари на меѓународните пазари, додека сите очи се насочени кон Ормутскиот теснец, а инвеститорите се плашат дека Иран би можел да одговори на американските напади со блокирање на транзитот. На лондонскиот пазар, цената на барел попладне беше за 32 центи пониска отколку на крајот од тргувањето на крајот од […]

Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека ја следи ситуацијата, и го повика Министерството за енергетика на САД да продолжи со потрагата по сопствени нафтени ресурси. -Сите, држете ги цените на нафтата ниски. Ве гледам! Не сфаќате дека она што […]

Цените на нафтата близу петмесечниот максимум поради тензиите на Блискиот Исток


Цените на нафтата се задржаа близу петмесечниот максимум поради стравувањата дека ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток би можела да доведе до подиректно вклучување на САД. Цените на нафтата од типот „Вест Тексас Интермедиеит“ (WTI) се стабилизираа во Азија откако во вчера го достигнаа највисокото ниво за речиси пет месеци, бидејќи претседателот Доналд Трамп побара […]

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од 4 проценти минатата недела


На глобалните пазари, цените на нафтата пораснаа за повеќе од 4 проценти минатата недела, што е нивно прво неделно зголемување од средината на април. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 4,3 проценти, на 63,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 4,7 проценти, на 61,02 долари. На почетокот […]

Цените на нафтата пораснаа во просек за над 1,3 долари


Цените на нафтата утрово пораснаа во просек за над 1,3 долари поради желбата на голем број инвеститори да профитираат од релативно ниските цени на црното злато. Вчера падна за повеќе од два долари за барел откако организацијата ОПЕК+ објави дека дополнително ќе го зголеми производството на нафта. Фјучерсите за суровата нафта од Северното Море од […]

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од 2021 година


 Цената на нафтата „Брент“, глобалниот референтен показател за сурова нафта од Атлантикот, утринава падна на 63,49 долари за барел, што е најниско ниво од април 2021 година. Забележан е пад од околу 3,2 отсто. Утринава падна и референтната цена на американската нафта West Texas Intermediate (WTI), за 3,58 проценти. Денешното движење продолжува со минатонеделниот пад, […]

Цените на нафтата растат поради страв од царинска војна


На глобалните пазари цените на нафтата пораснаа трета последователна недела, но само благо, бидејќи инвеститорите стравуваат дека ескалацијата на царинската војна може да и наштети на меѓународната трговија и на глобалниот економски раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 1,9 отсто, на 73,63 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот […]

Цените на нафтата паѓаат втора недела по ред


На глобалните пазари минатата недела по втор пат по ред цените на нафтата паднаа, бидејќи се очекува ОПЕК и САД да го зголемат производството, иако поради бавниот раст на најголемите светски економии не се очекува значително зголемување на побарувачката. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за повеќе од 3 отсто, на 75,78 […]

Пад на цените на нафтата


 Цените на нафтата на светските пазари минатата недела значително паднаа, по четири недели раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од ОПЕК да ги намали цените и истовремено најави зголемување на производството на нафта во САД. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,8 отсто, на 78,50 долари, додека на американскиот пазар […]

Цените на нафтата повторно пораснаа минатата недела


На светските пазари, цените на нафтата пораснаа за околу 6 отсто минатата недела, достигнувајќи ги највисоките нивоа во последните две недели, додека трговците го следат зголемувањето на тензиите меѓу Русија и Украина. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 5,8 отсто, на 75,17 долари, додека барелот на американскиот пазар поскапе за […]

Остар пад на цените на нафтата


Глобалните пазари на нафта драстично паднаа минатата недела поради намалената кинеска побарувачка и очекувањата дека договорот за прекин на огнот во Газа би можел да ги намали тензиите на Блискиот Исток и придружните грижи за снабдување. На лондонскиот пазар цената на барел брент минатата недела падна за повеќе од еден процент, на 81,13 долари. Истовремено, […]

Цените на нафтата на нивоа од 87 долари


Цените на нафтата во четвртокот се задржаа на околу 87 долари. Знаците за слабеење на побарувачката за работна сила во САД го намалија оптимизмот на трговците на почетокот на летната сезона на патувања. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 29 центи отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 87,05 […]

Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред за околу три отсто


На глобалните берзи цените на нафтата минатата недела пораснаа, вторпат по ред, за приближно 3 отсто, бидејќи трговците очекуваат зголемување на побарувачката на „црното злато“ во вториот дел од годината. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 3,2 отсто, на 85,24 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 2,8 […]

Цените на нафтата пораснаа, ФЕД во фокусот


Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и достигнаа 79 долари поради бранот шпекулации дека американската централна банка би можела да ги намали трошоците за задолжување на почетокот на есента, што ќе ја стимулира економската активност и побарувачката за енергетски производи. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 56 центи […]

Цените на нафтата паднаа под 81 долар


Цените на нафтата денеска се лизнаа под 81 долар на меѓународните пазари, сигнализирајќи го скептицизмот на трговците за оценката на водечките производители дека закрепнувањето на побарувачката треба да обезбеди услови за постепено зголемување на понудата следната година. На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во август беше за 42 центи пониска во однос на […]

Значаен пад на цените на нафтата минатата недела


На глобалните пазари минатата недела цената на нафтата падна за околу 7 отсто бидејќи трговците се загрижени поради забавувањето на растот на најголемите светски економии, поради што слабее и побарувачката за „црното злато“. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела потона за 7,3 отсто, на 82,96 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот […]

Цените на нафтата под 84 долари


Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во четвртокот под нивото од 84 долари под влијание на сигналите од водечките производители дека може да ја намалат понудата во втората половина од годината и шпекулациите за полнење на стратешките резерви во САД. На лондонскиот пазар по пладне цената на барелот за јулска испорака беше за […]

Цените на нафтата паднаа на речиси 86 долари за барел


Цените на нафтата денеска паднаа на околу 86 долари за барел на меѓународните пазари, бидејќи загриженоста за побарувачката во услови на високи трошоци за задолжување ги надмина стравувањата дека тензиите на Блискиот Исток може да ја загрозат понудата. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше пониска за 1,13 долари во однос на затворањето на […]

Цените на нафтата достигнаа највисоко ниво во последните пет месеци


Цените на нафтата се зголемија за повеќе од четири отсто минатата недела, достигнувајќи го највисокото ниво во последните пет месеци, што најмногу е последица на зголемените тензии на Блискиот Исток. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела скокна за 4,2 отсто, на 91,17 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 4,5 отсто, на […]