Цените на гасот во Европа на највисоко ниво во последните три и пол години


Цените на гасот во Европа го достигнаа највисокото ниво во последните три и пол години, на врвот на летната сезона на складирање во ЕУ, во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и прекин на транзитот на танкери низ Ормускиот теснец. Мегават-час гас за испорака во август накратко достигна 63,94 евра на холандската берза […]

Цените на гасот во Европа повторно растат. Дали полните резервоари ќе спречат нова енергетска криза


Цените на природниот гас во Европа се зголемија за повеќе од половина досега во јуни по неколкумесечните падови, што е вознемирувачки потсетник на минатогодишната енергетска криза. Референтните цени на фјучерсите на гасот се зголемија за 52% од почетокот на овој месец до 35 евра (38 долари) за мегават час, според податоците на Independent Commodity Intelligence […]

Драстичен скок на цената на гасот во Европа


  Цените на гасот во Европа денеска скокнаа за речиси за една четвртина, откако руски „Гаспром“ објави дека нема да испорачува гас во Европа преку гасоводот „Северен тек 1“ до натамошно известување поради проблеми со турбината. По отворањето на холандскиот пазар, цената на гасот во фјучерс договорите со датуми на испорака во октомври се зголеми […]

Цената на гасот во Европа надмина 2.200 долари за илјада нормални метри кубни


Цената на гасот во Европа утрово надмина 2.200 долари за илјада нормални метри кубни. Тоа е раст од 60 отсто и највисока цена од декември 2021 година. Еден час претходно, илјада кубни метри гас во Европа чинеле 1.700 долари, што е зголемување за 22,5 отсто во споредба со вчера, јави Танјуг. Покрај гасот, силниот раст […]

Цените на гасот на европските берзи во пораст


Цените на гасот во Европа за време на тргувањето денеска се искачија над 960 долари за илјада кубни метри, за првпат од 14 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ИЦЕ. Цената на мартовските фјучерси во центарот ТТФ во Холандија се искачи на 960,6 долари за 1.000 кубни метри, или 82 евра за мегават-час. Вкупното поскапување […]

Берзанската цена на гасот е стабилна на околу 1.200 долари за илјада кубни метри


Цената на гасот на денешното отворање на тргувањето на лондонската берза ИЦЕ се одржува на околу 1.200 долари за илјада кубни метри, а на тоа ниво беше и на вчерашното затворање. Берзанската цена на гасот во Европа на 21 декември за првпат во историјата надмина 2.000 долари за 1.000 кубни метри, во бранот на претстојното студено време […]

Цената на гасот во Европа урива рекорди – илјада кубни метри сега чинат 2.000 долари


Денеска за прв пат во историјата цената на гасот во Европа го надмина нивото од 2.000 долари за 1.000 кубни метри. Тоа е 200 долари повеќе од утрово и 300 долари повеќе од вчера. Фјучерсите за испорака на гас за јануари на пазарот TTF во Холандија скокнаа на 2.004 долари за 1.000 кубни метри, или […]