По царски рез 19 годишна девојка останала парализирана, Министерството за здравство ќе спроведе вонреден надзор
Министерството за здравство денеска соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. – Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. […]