Без вода утре ТЦ „Буњаковец“


Поради дефект на приклучна цевка 6/4“ на улица „Стефан Јакимов – Дедов“ број 4, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Владимир Полежиновски“, како и ТЦ „Буњаковец“. Како што информираат од РЦУК Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот.

Се решаваат проблемите на пазарџиите од „Буњаковец“


Проблемите со паркинзите, отпадот, доставата на роба до пазарот и околните маркети беа едни од главните проблеми кои граѓаните им ги презентираа на градоначалникот Герасимовски и на претставниците на општинските служби и ЈП „ПОЦ“ кои беа присутни на вчерашната средба. Во отворен разговор и дискусија со службите и градоначалникот, граѓаните имаа забелешки и за состојбата […]