Електродистрибуција ќе ги отчитува броилата и за празниците, воведена нова онлајн услуга


Граѓаните ќе добиваат сметки за струја со реално потрошени киловати наместо прогнозирани суми. По налог на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), „Електродистрибуција“ значително го зголеми процентот на отчитани броила, кој сега изнесува 95% на тримесечно ниво. За да се избегнат лавините приговори од претходните години, компанијата формираше вонредни екипи кои ќе вршат отчитување на терен […]

Новиот Закон за енергетика ќе донесе и нови паметни броила, но дури за 10 години


Со новиот Закон за енергетика се имплементира европското аки и се транспонира пакетот за чиста енергија, што значи дека се прифаќа се што е добра практика од Европската Унија, оцени денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. -Во Законот има многу новитети, а најважно за граѓаните е што ќе има нови паметни […]

Ивановска: Нема основа за покренување постапка против Ковачевски за „Броило“


 Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска вели дека нема основа за отворање случај против премиерот за случајот „Броило“, откако тоа го побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Кога стапи на функцијаta заменик-министер за финансии, премиерот Димитар Ковачевски во својот анкетен лист уредно пријави сѐ што поседува. Од податоците во анкетниот лист имаме сознанија дека […]

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра, СДСМ вели дека лажат


Фирми основани од премиерот Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис додека Македонија е на колена, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, објавувајќи ја како што ја нарекоа, аферата „Броило“. Фирми основани од премиерот Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис преку злосторничко здружување во соларен картел обвинија […]