Самитот на БРИКС заврши без заедничко соопштение поради различни ставови


Дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС заврши во Њу Делхи без заедничко соопштение поради „различните ставови помеѓу некои членки“ за ситуацијата на Блиски Исток. Во соопштението на индиското МНР се наведува дека земјите-членки ги изразила „своите национални ставови и поделиле низа перспективи“ за суверенитетот, поморската безбедност и заштита на цивилната […]

Русија им предлага на земјите од БРИКС заеднички резерви на храна поради кризата на Блискиот Исток


Рускиот функционер Александар Маслеников во понеделник повика на создавање заеднички резерви на храна со земјите од БРИКС и поранешните советски соседи за ублажување на ризиците за глобалната безбедност на храната предизвикани од војната на Блискиот Исток. Маслеников истакна дека Русија е најголемиот извозник на пченица во светот и дека координираното формирање на заеднички резерви на […]

Преговори меѓу Србија и Новата развојна банка на БРИКС


Министерот без ресор во Владата на Србија, Ненад Поповиќ денеска разговараше со генералниот директор на Евроазискиот регионален центар на Новата развојна банка на БРИКС, Андреј Бораков, за можноста Србија да се приклучи на банката во 2026 година, соопшти кабинетот на Поповиќ. Новата развојна банка е основана во 2015 година од земјите на БРИКС – Бразил, […]

БРИКС го осуди негирањето на климатската криза и донесувањето закони против уништувањето на шумите


Лидерите на земјите во развој, членки на БРИКС, денеска разговараа за заедничките предизвици на глобалното затоплување, за време на кои тие презентираа барање богатите земји да го финансираат ублажувањето на емисиите на стакленички гасови во посиромашните земји, а исто така беа осудени и воведувањето данок на јаглерод и донесувањето закони против уништувањето на шумите, објавија […]

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека секоја земја што ја поддржува политиката на сојузот БРИКС, која е спротивна на интересите на САД, ќе се соочи со дополнителна царина од 10 проценти. „Секоја земја што се усогласува со антиамериканските политики на БРИКС ќе плати дополнителна царина од 10 проценти. Нема да има исклучоци“, објави Трамп […]

Путин: Ерата на либералната глобализација е зад нас, свртете се кон сопствените валути


Рускиот претседател Владимир Путин им порача на лидерите на БРИКС дека ерата на либералната глобализација е застарена и дека иднината им припаѓа на брзорастечките пазари кои треба повеќе да ги користат своите национални валути за трговија. Путин се појави на самитот во Рио де Жанеиро преку видео врска бидејќи се соочува со потерница од Меѓународниот […]

Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС


Во Рио де Жанеиро денеска и утре се одржува 17 Самит на БРИКС, на кој ќе учествуваат претседатели и премиер на  земји-членки и на земји-партнетри. На Самитот ќе се разговара за: поефикасен систем на плаќање на БРИКС за зголемување на трговијата и инвестициите; инклузивно и етичко управување со вештачката интелигенција (ВИ); климатска агенда за рекалибрирање […]

Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење


Рускиот претседател Владимир Путин, кој е баран од Меѓународниот кривичен суд (МСП), нема да патува на самитот на БРИКС во Бразил на почетокот на јули, соопшти Кремљ, додавајќи дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ќе биде таму. Путин ќе зборува на настанот преку видео врска, изјави неговиот дипломатски советник Јуриј Ушаков, додавајќи дека рускиот […]

Уште една држава се придружи во БРИКС – Виетнам стана „земја партнер“


 Виетнам официјално е примен како „земја партнер“ во БРИКС, како дел од напорите за проширување на растечката група економии во развој, соопшти владата на Бразил. – Како привремен претседавач со БРИКС, бразилската Влада го објавува формалниот прием на Виетнам како партнерска земја. Бразил ја поздравува одлуката на виетнамската Влада, се наведува во соопштението. Бразил оваа […]

БРИКС отфрла „повторно заживување на трговскиот протекционизам“


БРИКС „категорично отфрла повторно заживување на трговски протекционизам“, изјави бразилскиот министер за надворешни работи Мауро Виеира во изјава по средбата со своите колеги од БРИКС во Рио де Жанеиро, во контекст на трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп. Дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на БРИКС не заврши со конечно соопштение, […]

Самитот на БРИКС ќе се одржи во Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули


Бразилската влада   соопшти дека овогодинешниот самит на БРИКС ќе се одржи во бразилската метропола Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули. Оваа година Бразил е ротирачки претседавач на групата водечки економии во развој  – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Блокот се прошири, се приклучија Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија, […]

Додик: Република Српска ќе бара финансирање преку БРИКС


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, го оцени учеството на Самитот на БРИКС во Казањ како успешно и најави дека РС ќе се обиде да обезбеди финансиска поддршка за проекти преку алтернативни финансиски инструменти од оваа асоцијација, наместо од европските институции. Додик рече дека соработката со Новата развојна банка БРИКС, која покажала интерес за инвестирање […]

Путин предлага БРИКС да основа сопствена берза на жито и платформа за дијаманти


Рускиот претседател Владимир Путин предложи на Самитот на БРИКС во Казан, организацијата да основа своја берза на жито и платформа за тргување со благородни метали и дијаманти. Според него, ова ќе помогне на БРИКС да ги заштити националните пазари од надворешни интервенции и манипулации. Путин истакна дека Москва поддржува создавање на нова инвестициска платформа за […]

Повеќе од една петина од светските резерви на злато се наоѓаат во земјите на БРИКС


Повеќе од 20 отсто од светските резерви на злато се наоѓаат во земјите на БРИКС, а меѓу нив најмногу има Русија – со 2,34 илјади тони од овој метал, односно 8,1 отсто од сите светски резерви, а Кина со 2,26 илјади тони или 7,8 отсто во светот. Податоците од Светскиот совет за злато, објавени од […]

Русија сака да заврши доминацијата на доларот


Русија се обидува да ги убеди земјите од БРИКС да изградат алтернативна платформа за меѓународни плаќања која би била имуна на западните санкции кога ќе биде домаќин на лидерите на групата на самитот следната недела. Претседателот Владимир Путин сака да го изгради БРИКС – кој се прошири за да ги вклучи Египет, Етиопија, Иран и […]

Казахстан одби да се приклучи на БРИКС, Русија веднаш го забрани увозот на овошје и зеленчук


Руската агенција за безбедност на храна одби да даде дозвола за увоз на овошје и зеленчук од Казахстан, а аналитичарите велат дека вистинската причина е одбивањето на властите во земјата да се приклучат на БРИКС. Иако агенцијата соопшти дека одлуката е донесена поради „одбивањето на релевантните власти од Казахстан да обезбедат фитосанитарна безбедност“, овој потег […]

Сирија поднесе барање за членство во БРИКС


Сирија сака да се приклучи на организацијата БРИКС и веќе поднела барање за прием, соопшти денеска сирискиот амбасадор во Русија, Башар Џафари. Тој истакна дека неговата земја е многу заинтересирана да се приклучи кон организацијаата, пренесуваат руските медиуми. Испративме писмено барање за прием во БРИКС“, рече сирискиот амбасадор на маргините на форумот „Северен Кавказ: Нови […]

Претседателот на Иран ќе присуствува на Самитот на БРИКС во Русија


Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан ќе присуствува на претстојниот Самит на БРИКС во Русија, јавија иранските државни медиуми. Амбасадорот на Иран во Москва, Казем Џалали потврди дека Пезешкијан ќе присуствува на Самитот на БРИКС, што ќе се одржи од 22 до 24 октомври во Казан. Пезешкијан таму ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, […]

Путин го очекува Вучиќ на следниот форум на БРИКС во Казан


Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средба со српскиот вицепремиер Александар Вулин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека го очекува српскиот претседател Александар Вучиќ на форумот на БРИКС во Казан. Вулин му ги пренел поздравите на претседателот Вучиќ на Путин со желба да остане силен и здрав, пренесува руска новинска агенција. […]

Блумберг: Турција поднесе барање за членство во БРИКС


Турција официјално побара членство во БРИКС, со цел да го зајакне своето глобално влијание и да изгради нови врски надвор од традиционалните западни сојузници, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори. Ставот на администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е дека геополитичкиот центар на гравитација се оддалечува од развиените економии, велат изворите. „Турција може […]