Поетската книга „Од исто тесто“ на Бранко Цветкоски објавена на бугарски јазик
Најновата поетска книга од македонскиот писател Бранко Цветкоски „Од исто тесто“ излезе во превод на бугарски јазик во идание на книгоиздателство „Захариј Стојанов“ од Софија, Бугарија. Книгата на Цветкоски, која претставува своевиден поетски разговор за онтолошкото сродство на животот и смртта, е во препев од македонски јазик на познатата бугарска поетеса Роза Бојанова. Песните од книгата, […]