Турција стана втора европска сила во однос на хидроенергетскиот капацитет


Според податоците на Меѓународното здружение за хидроенергија (IHA), минатата година Турција беше позиционирана како втора европска земја во однос на инсталираните капацитети за производство на електрична енергија од хидроенергија. Норвешка е на првото место. Капацитетите на Турција достигнаа речиси 23.294 мегавати (MW), со што оваа земја ги надмина големите европски економии во овој поглед, вклучувајќи […]

Во Јужна Кореја издадено предупредување за евакуација


Северна Кореја, според сателитски снимки, без претходно известување испуштила вода од брана северно од границата со Јужна Кореја, а поради зголемувањето на нивото на реката Имџин, населението доби предупредување за евакуација, соопштија денеска јужнокорејските власти. Во соопштението на јужнокорејското Министерство за клима, енергетика и животна средина се наведува дека сателитските снимки направени околу 23:00 часот […]

Етиопија ја лансираше најголемата хидроелектрана во Африка


Етиопија официјално ја лансираше најголемата хидроелектрана во Африка, проект кој ќе обезбеди енергија за милиони Етиопјани, но исто така ќе ги продлабочи тензиите со Египет кој се наоѓа низводно, што го загрижува целиот регион. Етиопија, втората најнаселена земја во Африка со население од повеќе од 120 милиони, ја гледа браната вредна 5 милијарди долари изградена […]

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна


ЈПКД „Комуналец“ објави 16 микрообилошки анализи изработени од страна на акредитирани лабаратории и во сите стручното мислење е дека испитаниот примерок на вода е здравствено исправен согласно Правилникот за безбедност на водата. -Само резултатот од анализата направена од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје ја немаме добиено, а за која од страна на […]

Пукна брана, многу мртви (фото/видео)


Најмалку 42 лица загинаа денеска во поплавите што ја погодија областа Маи Махиу во Кенија, соопшти полицијата. Браната пукна во близина на Маи Махију во округот Накуру, одземајќи куќи и спасувачи кои копаат низ урнатините за да најдат преживеани. Floods kill at least 42 in central Kenya; toll may rise after dam bursts: At least […]

Oштетена гумената брана за наводнување на оризовите површини кај кочанското село Грдовци


Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани утрово забележале намерно оштетување на гумената брана кај селото Грдовци, што се користи за зафаќање на водата од реката Брегалница и наводнување на околните оризови ниви. Непознат сторител со остар предмет ја исекол гумената обвивка во должина од околу половина метар, по што дошло до истекување на акумулираната […]

Пукна брана на вештачко езеро во Норвешка, се очекуваат нови поплави


Брана на норвешка река денеска делумно се урна, а водата почна да се излева низ процепната дупка во средината на објектот. На инцидентот му претходеа повеќедневни силни поплави во областа. Браната Браскерајдфос на реката Глома, најголемиот воден пат во Норвешка, не можела да ги отвори вратите откако нејзината контролна соба се поплавила. Полицијата претходно размислуваше […]

Се трага по 30-годишен маж: Се капел во езерото кај браната Глажња и исчезнал


Спасувачките служби трагаат по 30-годишен маж од селото Никуштак, кој вчера влегол во езерото кај браната Глажња, по што му се изгубила трага. Од Центарот за управување со кризи објавија дека се работи за маж со иницијали Ф.Р.. Нуркачки екипи го пребаруваа вештачкото езеро Глажња во Липково, но засега не успејаа да го пронајдат телото. […]

Продолжува потрагата по момчето кое исчезна завчера во водите на браната кај село Дрвош


Продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата. Инаку, завчера во 13.30 часот во полицијата од Итна медицинска […]

Бројот на жртви од уривањето на браната „Каховка“, се зголеми на 41


Русија денеска соопшти дека бројот на загинати од уривањето на браната Каховка и поплавите во областите што таа ги контролира во јужна Украина, се зголеми  на 41. -За жал, бројот на загинати се зголеми до 41, изјави претседателот на проруската регионална влада во Херсон, Андреј Алексејенко. Во претходниот извештај на локалните проруски власти, што беше […]

Русите ја разнеле и браната на реката Мокри Јали, тврди Украина


Руските сили ја разнесоа и браната на реката Мокри Јали, во регионот Доњецк, предизвикувајќи поплави од двете страни на реката, изјави за „Украинска правда“ Валери Шершен, портпарол на одбранбените сили на Фронтот Таврија. -На реката Мокри Јали, окупаторите ја разнесоа браната, што доведе до поплавување на двата брега на реката. Сепак, тоа не влијае на […]

Сеул обвинува: Северна Кореја испуштила вода од брана и предизвикала поплава во Јужна Кореја


Северна Кореја испуштила вода од брана во близина на нејзината граница со Јужна Кореја, принудувајќи го околното население во соседната земја да се евакуира поради зголемувањето на нивото на водата на реката Имџин, соопштија денеска јужнокорејски официјални лица. Нивото на водата кај речниот мост во јужната погранична област Јеончеон вчера попладне надмина еден метар, принудувајќи […]