Повик на ИФФК „Браќа Манаки“ за пријавување филмови за 46. фестивалско издание


Од денеска до 27 јуни е отворен повикот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за пријавување филмови за 46. издание на фестивалот што се одржува во Битола. Пријавувањето е на: https://filmfreeway.com/ManakiBrothers  – Дајте и можност на својата креативност да заблеска и пријавете го вашиот филм од 17 април до 27 јуни. ИФФК „Браќа Манаки“ […]

Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман


Џудит Кауфман од Германија, кинематограферка во филмот „Наставничка канцеларија“ е годинашна добитничка на златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“. Стручното жири одлучи највиското фестивалско признание да и го додели на Кауфман заради одличната кинематограферска поддршка и конзистентна слика која како што рече претседателот на жирито Џон Сил, кинематограферката Кауфман меѓепснички ја прикажа […]

Презентација на кинематографери, панел и откривање ѕвезди на лауреати на ИФФК „Браќа Манаки“


Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ претпаднево во Битола продолжува со прес конференција на која ќе учествуваат кинематограферите Пабло Лозано и Душан Хусар, и со панел „Од Трајбек до Манаки, зад сцената“. Во битолското Кино „Манаки“ продолжува проекцијата на филмови во категорија „Кратка програма“, а прв ќе биде емитуван филмот „Состојба на умот“ на […]

Вечерва почнува 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“


Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 45. издание.    Традиционално пред Центарот за култура во Битола, во 19.15 е црвениот тепих, а во 19.45 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на Канскиот хит-филмот „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино, кинематографер Дариа Д’ Антонио. Филмот е во официјалната селекција КАМЕРА […]

Златна „Камера 300“ за кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин


Кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин од Турција се годинешни лауреати на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола. Златната „Камера 300“ на Сахин и Уресин им е доделена за мајсторството кое го покажаа во филмот „За сувите треви“ со што се збогати нивниот личен фонд на награди меѓу кои […]

Со проекција на „Лена и Владимир“ завршува фестивалот „Браќа Манаки“


Со проекција на македонскиот игран филм „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, проект во кој кинематографер е Душан Кардалевски, вечер во Битола завршува 44 издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Според востановената традиција, пред доделување на фестивалските награди за најдобрите кинематографери за кои одлучуваат неколку жири комисии, на сцената во […]

Работилница, паркинг кино и филмови во конкуренција на ИФФК „Браќа Манаки“


Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ претпладнево продолжува со презентација на кинематограферот Лоренс Шер, номиниран за Оскар, кој пред аудиториумот во Битола ќе промовира Shotdeck платформа, како и со работилница која ќе ја одржи Селин Бозон, поранешна претседателка на француското друштво на кинематографери. Попладне во кино „Манаки“ ќе бидат емитувани филмови од студентската и […]

На ИФФК „Браќа Манаки“ доделување на златна, сребрена и бронзена „Камера 300“


Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ завршува вечер со доделување на златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ на најдобрите кинематографери кои учествуваа на 43. фестивалско издание. Во главната програма беа емитувани 14 филмови, од кои најголем дел пристигнаа од фестивалите во Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари. -Меѓународните филмски фестивали ја имаат мисијата да ја […]