Борел: Не може да бидете и со Русија и во ЕУ!


Јасен став на Европската комисија е дека проширувањето имa централна улога во геополитичкиот пристап на ЕУ, порача денеска високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жосеп Борел при презентацијата на Пакетот извештаи за проширувањето.  – Граѓаните очекуваат од Европската Унија да дејствува со цел да се гарантира стабилноста и соработката во нашето […]

Борел: На Блискиот Исток треба да замолчи оружјето, а да зборува дипломатијата


Масовните израелски напади врз Бејрут и низ цел Либан, што почнаа минатиот петок, иако се насочени кон цели на Хезболах, сепак претставуваат кршење на суверенитетот на една независна држава, изјави синоќа високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по завршувањето на неформалниот онлајн состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки […]

Борел: Меѓународните правила никогаш не биле вака игнорирани како денес


 Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, како домаќин на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека меѓународните правила никогаш не биле толку занемарени како денес. „Светот беше погоден од многу кризи, до таа мера што меѓународните правила никогаш не […]

Борел изјави дека е ужаснат од убиството на израелските заложници во Газа, повика на прекин на огнот


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека е ужаснат од „убиството на шест израелски заложници кои ги држеше Хамас“, чии тела беа пронајдени во Појасот Газа. – Овие невини млади мажи и жени требаше одамна да бидат однесени на безбедно и повторно да се соберат со своите најблиски. […]

10 години од уривањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ над Украина: Русија да ја прифати одговорноста, вели Борел


Денеска го одбележуваме споменот на 298-те невини луѓе, меѓу кои и 80 деца, од 17 националности, кои ги загубија животите при соборувањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ над територијата на Украина на 17 јули 2014 година, наведе високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во изјавата по повод 10-годишнината од уривањето […]

Борел: Орбан во Москва не ја претставува ЕУ


 Унгарскиот премиер Виктор Орбан не доби никаков мандат од Советот на ЕУ да ја посети Москва, а неговиот престој во руската престолнина ќе се одвива исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Русија, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ. Тој изјави дека поради ставот на ЕУ за […]

Борел: Сојузот меѓу Русија и Кина би можел да го подели светот


 Западот денес има голема одговорност да спречи поделба меѓу Западот и Истокот, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Тој додаде дека сојуз меѓу Русија и Кина би можел да го подели светот. На меѓународната конференција Дубровник форум 2024, Борел истакна дека денес има криза на мултилатерализмот, па многу […]

Борел: Клучно е спроведувањето на обврските од дијалогот меѓу Белград и Приштина и усогласување со политиката на ЕУ


Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел вчера по разговорите со шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ во Австрија, изјави дека усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и спроведувањето на обврските од дијалогот меѓу Белград и Приштина се клучни за интеграција на Србија во тој блок. Борел […]

Борел е за Украина да користи европско оружје за напади на руска територија


Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел денеска ги повика членките на Унијата да најдат рамнотежа меѓу стравот од ескалација и потребата Украинците да се бранат, оценувајќи дека Киев треба да може да гаѓа на руска територија со западно оружје. „Според правилата на војувањето тоа е сосема можно, нема противречност, можам да одговорам или да се […]

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас


 Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека признавањето на палестинската држава не е подарок за палестинската милитантна група Хамас. „Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас, напротив“, изјави Борел, наведувајќи дека палестинските власти не се Хамас и дека, напротив, тие се длабоко во конфликт. Борел истакна […]

Борел: Да не дозволиме „да се игра шах“ на Блискиот Исток


 Шефовите на дипломатии на ЕУ заземаа цврст став со барање до сите страни на Блискиот Исток да покажат воздржаност по последните случувања од изминатиот викенд и да не дозволат регионот да западне во тотална војна, изјави високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по денешното вонредно заседание на Советот за надворешни […]

Борел: Меѓународната заедница мора да биде цврсто обединета против тероризмот


Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел денеска изјави дека меѓународната заедница мора цврсто да се обедини против тероризмот, по нападот во Москва во кој, според последните информации, загинаа повеќе од сто луѓе. „Најостро го осудувам грозоморниот напад што се случи синоќа во Москва. Тероризмот повторно целеше невини луѓе. Меѓународната заедница мора да остане […]

Борел: Војната во Украина ќе се одлучи оваа пролет и лето


Шефот на европската дипломатија , Жозеп Борел, денеска по состаноците одржани во Вашингтон изјави дека испраќањето нова помош за Украина не може да чека бидејќи за исходот од војната во Украина ќе се одлучува оваа пролет и лето. Поради сомневањата за продолжување на американската воена помош за Киев, Борел на новинарите во Вашингтон им соопшти […]

Борел: Неуспешни разговори со Вучиќ и Курти за деескалација


 Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција имал одвоени средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, за деескалација на тензиите во односите меѓу Белград и Приштина, но дека, за жал, разговорите биле неуспешни. Сумирајќи ги резултатите од конференцијата во […]

Борел: Ќе предложиме режимот на санкции за човекови права на ЕУ да го носи името на Навални


Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел денеска најави дека на европските министри учесници на заседанието на Советот за надворешни работи ќе им предложи режимот на санкции на Унијата воведни поради непочитување на човековите права да биде именуван по името на починатиот руски опозициски лидер Андреј Навални.  Борел најави дека на […]

Борел: НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател


НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изјавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. – Ќе бидам саркастичен, во таа кампања ќе слушнеме и видиме многу работи, рече Борел. Да бидеме сериозни, НАТО […]

Борел: Украина ќе добие над еден милион гранати од ЕУ до крајот на годината


Европската унија очекува да и обезбеди на Украина 1.155.000 артилериски гранати до крајот на годината поради зголемениот капацитет на одбранбената индустрија на земјите-членки, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за време на заедничкиот брифинг со премиерот на Украина Денис Шмигал во Киев. Борел истакна дека одбранбената индустрија на ЕУ […]

Борел: ЕУ не ја прекина помошта за УНРВА


Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изјави дека Европската комисија не го суспендирала финансирањето на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), нагласувајќи дека во последно време имало многу дезинформации за ова прашање. Борел рече дека денеска во Брисел разговарале за ситуацијата во Газа и обвинувањата против […]

Борел: Блискиот Исток е жариште што може да експлодира


 Треба да се избегне ескалација на Блискиот Исток и да не се дозволи ситуацијата да стане „експлозивна“, предупреди шефот на европската дипломатија Жозеп Борел по вчерашните американски напади во Сирија и Ирак. – Сите треба да се обидат да избегнат ситуацијата да стане експлозивна, изјави денеска Борел на прашање за американските напади, пред почетокот на […]

Борел: Ако не ја поддржи Украина, ЕУ ќе плати многу висока цена


Руската агресија врз Украина е најголема закана за европската безбедност и доколку не ја поддржиме земјата ќе платиме многу висока цена, изјави денеска високиот претставник за заедничка и надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел пред почетокот на специјалниот Самит на Унијата, на кој се расправа за усвојување на ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на Унијата […]