Адвокатите на Болсонаро бараат од судот да дозволи хоспитализација за операција


Адвокатите на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро побараа од Врховниот суд да дозволи тој да биде хоспитализиран за операција утре, според судски документ. Судијата Александар де Мораис, минатата недела му дозволи на Болсонаро да го напушти затворот за операција на кила, но датумот на операцијата не е одреден. Доколку на поранешниот бразилски претседател му биде […]

Продолжен полицискиот притвор на Болсонаро


 Врховниот суд на Бразил денеска едногласно гласаше за продолжување на полицискиот притвор на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, откако судијата Александар де Мораиш во саботата нареди негово притворање поради ризик од бегство. Судијата Де Мораиш го поддржа продолжувањето на притворот, истакнувајќи дека Болсонаро „намерно и свесно“ ги прекршил правилата за користење на електронска алка на […]

Болсонаро има рак на кожа


Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше отпуштен од болница во неделата откако беше примен вчера поради гадење, вртоглавица и низок крвен притисок. Здравствената состојба на поранешниот претседател се подобри, но тој ќе продолжи да биде следен, соопшти болницата ДФ Стар во Бразилија. 70-годишниот Болсонаро веќе беше во болница во неделата за отстранување на кожни лезии. […]

Болсонаро итно хоспитализиран од домашен притвор


Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше однесен во болница во Бразилија откако се чувствуваше лошо, според неговиот син, сенаторот Флавио Болсонаро, објави Анадолу. Помладиот Болсонаро рече дека неговиот татко имал „силни икања, повраќање и низок крвен притисок“. Тој потврди дека неговиот татко бил однесен во болница како „итен случај“ и бил придружуван од затворски чувари […]

Врховниот суд на Бразил го осуди Болсонаро за подготвување воен удар


  Мнозинството судии на Врховниот суд на Бразил гласаа за осуда на поранешниот претседател на земјата, Жаир Болсонаро, за заговор за воен удар, оставајќи го крајнодесничарскиот популист соочен со децениска казна за водење на криминалниот заговор. Судијката Кармен Лусија Антунес Роча во четврток пресуди дека Болсонаро – поранешен падобранец кој беше избран за претседател во […]

Болсонаро бара ослободување од домашен притвор поради операција


Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро побара кратко ослободување од домашен притвор од здравствени причини, јавија француските медиуми. Болсонаро изјави дека му е потребна медицинска интервенција, која ќе биде извршена во приватна клиника во бразилската престолнина. Тој поднел барање до судијата Александар де Мораиш, кој е задолжен за неговиот случај. Лидерот на бразилската крајна десница може […]

Почнува судското сослушување во случајот против Болсонаро обвинет за обид за пуч


Врховниот суд на Бразил денеска треба да ги почне сослушувањата во случајот против поранешниот претседател Жаир Болсонаро под обвинение за обид за преврат по изборите во 2022 година на неговиот наследник, левичарот Луис Инасио Лула да Силва. Доколку биде осуден, ова би било првпат во бразилската историја поранешен претседател да биде прогласен за виновен за […]

Болсонаро планирал да побара азил во Аргентина, тврди бразилската полиција


 Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро наводно размислувал да побара азил во Аргентина за да избегне кривично гонење, објавија вчера локалните бразилски медиуми, повикувајќи се на полициски наоди. Истражителите наводно во телефонот на Болсонаро, пронашле документ зачуван уште во февруари 2024 година, што сугерирал дека тој планирал да избега во Аргентина, соопштија бразилските медиуми, вклучувајќи го […]

Домашен притвор за поранешниот бразилски претседател Болсонаро


  Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораис, вчера му одреди домашен притвор на поранешниот претседател Жаир Болсонаро поради прекршување на ограничувањата наметнати од судот. Де Мораис во соопштението изјави дека Болсонаро, на кого му беше забрането да биде активен на социјалните медиуми, „ги игнорирал и не ги почитувал“ мерките на судот со […]

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро обвинет за уништување на демократскиот поредок


Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е обвинет дека е главниот актер зад „најсериозните дејствија за уништување на демократскиот уставен поредок“, се наведува во покренатото обвинение против него, јавува ДПА. Во документ од 517 страници од Канцеларијата на државниот обвинител на Бразил, што вчера му беше доставен на Врховниот суд, исто така, се наведува: „Вршејќи ја […]

Поранешниот претседател на Бразил, Болсонаро обвинет за перење пари и криминални врски


Бразилската полиција го обвини поранешниот претседател на земјата Жаир Болсонаро за перење пари и криминални врски во врска со непријавени дијаманти што ги добил од Саудиска Арабија за време на неговиот мандат, изјави извор запознаен со ова прашање. Друг извор потврди дека има обвиненија против Болсонаро, без да прецизира какви. Двата извора зборувале под услов […]

Болсонаро поминал две ноќи во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот


Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада во Бразилија, само неколку дена откако федералната полиција му го одзеде пасошот и уапси двајца негови поранешни соработници под сомнение дека подготвувале државен удар. Ова вчера го изјави неговиот портпарол, откако Њујорк Тајмс прв објави за престојот на Болсонаро во […]

Бразил: Илјадници приврзаници на Болсонаро маршираа против истрагата за државен удар


 Десетици илјади приврзаници на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро вчера излегоа на улиците на Сао Паоло, за да протестираат против кривичната истрага против поранешниот десничарски шеф на државата. Како што пренесе ДПА, приврзаниците на Болсонаро марширале по булеварот Авенида Паулиста во знак на протест против истрагите за наводната вмешаност на Болсонаро во обидот за државен […]

Податоците за вакцинацијата против Ковид на поранешниот бразилски претседател Болсонаро се лажни


Податоците за вакцинацијата на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро се лажни, соопшти вчера канцеларијата на главниот инспектор на земјата по истрагата за наводната промена на податоците во вакциналната картичка на Болсонаро против Ковид-19. Записите покажуваат дека Болсонаро, кој јавно се спротивстави на вакцинацијата против Ковид-19, примил доза од вакцината во центарот за јавно здравје во […]

Болсонаро негира каква било вмешаност во бунтот во Бразилија


Поранешниот претседател на Бразил Жаир Болсонаро кој е краен десничар, негираше каква било вмешаност во бунтот на 8 јануари во Бразилија, велејќи и на федералната полиција дека „случајно“ објавил видео во кое ја оспорува изборната победа на неговиот левичарски наследник Лула. Распитот на Болсонаро (68) во седиштето на федералната полиција во Бразилија траеше повеќе од […]

Болсонаро се враќа во Бразил, нема да ја предводи опозицијата


 Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, се враќа во земјата по тримесечниот престој во САД, решен да игра голема политичка улога во својата татковина, откако актуелниот претседател Луис Инасио Лула да Силва извојува тесна победа на последните претседателски избори, што се одржаа во октомври. Екстремно десничарскиот поранешен претседател, кој се наоѓа под серија истраги, по враќањето […]

Болсонаро планира да се врати во Бразил во март


  Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро изјави дека планира да се врати во земјата во март, откако помина повеќе од еден месец во САД каде што отиде по неговиот изборен пораз, објави весникот Волстрит журнал. Болсонаро во интервју за весникот рече дека ќе се врати во Бразил за да ја предводи политичката опозиција на претседателот […]

Болсонаро поднел барање за шестмесечна американска виза, сака да остане на Флорида


Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро поднел барање за шестмесечна американска виза, што укажува дека можеби нема намера веднаш да се врати дома, каде што го чекаат одредени правни процедури, јавија денеска американските меидуми. Веста за поднесување на барањето за виза прв ја објави весникот „Фајненшл Тајмс“, цитирајќи го адвокатот на поранешниот бразилски претседател за имиграциски […]

Болсонаро за вечера платил 21 илјада долари со службена картичка, за четири години потрошил пет милиони долари


Податоците од кредитната картичка на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро откриваат дека тој потрошил пет милиони американски долари за време на неговиот четиригодишен мандат, а потрошил повеќе од 21.000 долари на само една вечера во ресторан. Новата бразилска Влада на својата веб-страница објави извод за состојбата на сметката на официјалната картичка на поранешниот шеф на […]

Демократи пратеници бараат укинување на визата за престој во САД на Болсонаро


Група од 41 претставник на Демократската партија во Конгресот побара од американскиот претседател Џо Бајден да ја укине визата на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа на Флорида „Не смееме да дозволиме Болсонаро или кој било друг поранешен бразилски функционер да најде засолниште во САД за да ја избегне правдата за секое […]