Ќе се градат уште четири ветерни турбини во Богданци – струја за уште 6.000 домаќинства


Проектот за Ветерен Парк Богданци во вредност од 37,6 милиони евра влегува во финална фаза на реализација, потврдувајќи ја Националната енергетска стратегија. АД ЕСМ (Електрани на Северна Македонија) и Siemens Gamesa Renewable Energy (SGRE) денес потпишаа клучни договори за реализација на проектот Ветерен Парк Богданци – втора фаза. Ова стратешко партнерство ќе го зголеми капацитетот […]

Локализиран е пожарот кај Богданци


 Пожарот кај Богданци кај местото Брдаров камен, каде гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева, е локализиран и ставен под контрола, но на одредени места се распламтува, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот го гаснат шеесетина пожарникари и тимови на „Национални шуми“ и комуналното претпријатие на Богданци, кои со брзата интервенција не […]

Пожарот кај Богданци се уште не е ставен под контрола


 Пожарот кај Богданци, кој избувна вчера околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е ставен под контрола. Гаснењето продолжи од 6 часот утрово. Со огнената стихија, која досега проголта околу 500 хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева и која помина низ ветерниците над […]

„Ер трактори“ го гаснат пожарот кај Богданци – може да се прошири на ветерниците


Авионите „ер трактор“ се вклучени во гаснењето на пожарот во месноста викана Брдаров камен во Општина Богданци. Гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева, а поради опасноста пожарот да се прошири кон ветерниот парк, беа активирани авионите за гаснење пожар. Пожарот избувнал околу 11 часот во месноста викана Брдаров камен веднаш до препумпната станица на […]

Директорот на АД ЕСМ го пречека германскиот претседател Штајнмаер во Ветерниот парк Богданци


Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, го пречека претседателот на СР Германија, Франк Валтер Штајнмаер, во Ветерниот парк Богданци, електрана од обновливи извори изградена со финансиска поддршка преку поволна кредитна линија на германската државна КфВ банка. Претседателот Штајнмајер при посетата ги разгледа ветерниците и се запозна со активностите од втората фаза на ветерниот парк […]

Загина возач на мопед кај обиколницата кај Богданци


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа меѓу мопед и автомобил на регионалниот пат – обиколница Богданци. Несреќата, како што соопшти МВР, се случила ноќеска во 01:00 часот, на регионалниот пат – обиколница Богданци, на крстосница кај место викано „Луда Мара“, помеѓу мопед „баотиан-БТ49“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (46) […]