И покрај сугестиите на ММФ, блок тарифите и нивниот опсег нема да се намалат


Нема да има промена на опсегот на четирите блок тарифи за електричната енергија на регулираниот пазар и покрај забелешките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. -РКЕ го носи тарифниот систем и кажува во кој опсег ќе се блок тарифите. Да, има забелешки од ММФ дека […]

Ќе има промени кај блок тарифите за струјата, најави Бектеши


  Промена кај втората и третата блок тарифа за електрична енергија од 1 јануари идната година најави денеска како можност министерот за економија Крешник Бектеши.  Одговарајќи на прашање на новинарите за можноста граѓаните кои штедат да добијат некаква награда, Бектеши рече дека нашата земја прва во регионот вовела стимулативни мерки преку воведувањето блок-тарифи. „Потрошувачката е […]

Бектеши: Не може да се субвенционираат семејства со 3,000, 5.000 и 10.000 евра приход


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, коментирајќи го воведувањето на блок тарифите за електрична енергија, уште еднаш повтори дека солидарност мора да постои, како и дека во време на криза, како оваа, треба да им се помогне, посебно на најранливите домаќинства. -Не може да биде ист товарот на некое домаќинство кое зема минимална плата и […]

Подготвителна седница за блок тарифите за потрошувачката на струја на домаќинствата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ја започна подготвителна седница за реформата на тарифниот систем за електрична енергија (блок тарифи). Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски во обраќањето истакна дека со овој тарифен систем чии контури се објавени пред повеќе од 30 дена главна новина ќе биде воведувањето на […]

Неделава паѓа одлука за блок тарифите за електрична енергија


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) до крајот на неделава треба да ги усвои измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија со кои се воведуваат четири блок тарифи за високата дневна тарифа, односно за скапата струја. Блоковите ќе важат само за скапата струја и предвидено е во првиот блок да […]

Колку блок тарифи за струја е најдобро да има – што е најповолно за граѓаните


Сѐ уште не е дефиниран бројот на блок тарифите и прагот за потрошувачка на секоја од блок тарифите во високата потрошувачка на електрична енергија, а Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е отворена за сите забелешки што ќе стигнат за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач. Сите дилеми во однос на скалестото тарифирање […]

И домаќинства ќе плаќаат индустриска струја – што предвидува новиот модел со блок тарифи


Цената на струјата за домаќинствата во земјава од 1 јули ќе зависи од нивото на потрошената електрична енергија во скапата, дневна тарифа, при што ќе има четири блокови. Најниска цена ќе има за оние кои месечно ќе трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во втората група ќе бидат оние со потрошувачка до 420 киловат […]

За новите блок-тарифи за сметките за струја ќе помогнат професори од Машински факултет и од ФЕИТ


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одржа работен состанок со професори од Машинскиот факултет од Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) кои со својата експертиза ќе се вклучат во изработка на новиот тарифен систем за електрична енергија со цел воведување на блок тарифи. Како што информираат од РКЕ, професорите ќе […]

Од јуни ќе има блок тарифи за потрошената струја, оние што трошат повеќе ќе плаќаат поскапо


Осумдесет отсто од фактурите на нашите домаќинства и мали потрошувачи се субвенционираат преку АД ЕСМ со утврдената цена на електричната енергија од 41 евро за мегават час од страна на Владата, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Производствените цени, а и цените на електричната енергија на светските берзи се 10 пати поголеми во […]

Ќе се воведат блок тарифи за потрошувачка на струја по пониска цена


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) најави дека кон крајот на јануари или почетокот на февруари ќе воведе блок тарифи со кои ќе се обезбеди потрошувачка на струја по пониска цена. Како што соопшти претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, рестрикциите не се опција. Бислимовски на прес-конференција соопшти дека електричната енергија за домаќинствата ќе […]