Кастриот Арифи во „Бизнис-клуб“: „Ние имаме добри стратегии за развој, но слаба имплементација“


„Треба да се поттикне јавниот сектор да размислува долгорочно бидејќи бизнисот не сака неизвесност, туку предвидливост“, изјави Кастриот Арифи, директор за стратегија и развој во винаријата „Тиквеш“ АД и во групацијата М6 и член на УО на Стопанската комора, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Во емисијата тој […]

Никица Мојсоска Блажевски во Бизнис клуб: Извозот е клучот за нашата економија


Д-р Никица Мојсоска-Блажевски, потпретседател на Управниот одбор на Стопанската комора и главен извршен директор на „Македонија 2025“, во најновото издание на „Бизнис-клуб“ со претседателот на Комората Бранко Азески нагласи дека како мала економија Македонија својот економски раст мора да го базира на извозот, но и на инвестициите. Според неа, потребни се промена во начинот на […]

М-р Михајло Борозанов во Бизнис-клуб: Продуктивност, добра инфраструктура и инвестиции во образованието – клуч за просперитет на државата


Во втората сезона на поткастот „Бизнис-клуб“, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговараше со м-р Михајло Борозанов, директор на Дирекцијата за финансии и член на Управниот одбор на „Макпетрол“ АД Скопје. Разговорот беше посветен на бизнис-условите за развој на македонската економија и на улогата на „Макпетрол“ АД Скопје, македонска компанија со 80-годишно […]

Азески: Спречување на одливот на мозоци и поддршка на извозот се двата проекта на кои ќе работи Комората


Од 2005 г. до денес, кога работиме во услови на коморски плурализам, сме издале 201.667 документи од Бизнис-канцеларијата (сертификати за потеклото, АТА-карнети, потврди, препораки и мислења); сме организирале 6.732 настани, бизнис-форуми, конференции и презентации, на кои учествувале 198.302 претставници од компаниите; сме имале 1.552 меѓународни активности и сме издале 952 електронски брошури и публикации, а […]

Како се подготвуваат идните менаџери во Холандија, а како кај нас: Еве што вели Марија Кумбароска Ванбесин


Во последната епизода на поткастот „Бизнис-клуб“, во разговорот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со м-р Марија Кумбароска Ванбесин, доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел, се третираат теми за темелните принципи на функционирањето на државата, за образованието и за […]

Кумбароска Ванбeсин: Вештачката интелигенција треба да се разбере како добра алатка за поефикасно и побрзо работење


Во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, гостин е Марија Кумбароска-Ванбесин, доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел, која изнесува ставови за значењето на човечките ресурси во остварувањето раст и развој во […]

Антонио Аргир: Банкарството е еден од столбовите за стабилност на нашата држава


„Како држава треба да се фокусираме на развој на инфраструктурата и таа треба да биде приоритет за целиот Балкан. Без инфраструктура нема економски развој на државата, а тоа ги поттикнува луѓето да се иселуваат“, изјави Антонио Аргир, искусен банкарски лидер со повеќе од 25 години искуство, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески. […]

Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан, вели професорката Кикеркова


Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив. Ова го истакна проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје […]

Анатол Кутревски: Бизнисот мора да е во центарот на вниманието на државата


„Стопанската комора е форум на кој ние си го кажуваме нашето. Нема друг форум на кој ние како стопанственици ги кажуваме нашите предизвици и она со кое се соочуваме. Во Стопанската комора има инфраструктура и луѓе кои имаат знаење и кои се упатени ако ви треба нешто; луѓе кои знаат да ви дадат совет и […]

Петрушев: Државата нема стратегија за поддршка на македонските брендови


Во најновата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на најголемата млекарница во државава, „Млекара“ АД Битола („Бимилк“). Петрушев претставува редок пример на кадар кој својот професионален развој го поминал и во државниот и во приватниот сектор. Во подкастот Петрушев зборува за напредувањето во професионалниот […]

Потребен е нов пристап за привлекување странски инвеститори, вели Виктор Мизо


  Генералниот менаџер на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, смета дека не е потребно само креирање нова стратегија, туку и генерирање нов пристап на размислување за тоа што треба и како треба да се направи за да се привлечат нови странски инвеститори во нашата земја, бидејќи ние сме мала држава, која денес има многу ограничени ресурси. […]

Аријана Коскарова во „Бизнис-клуб“: „Потписот на Стопанската комора има големо значење во САД“


Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“, во разговорот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со м-р Аријана Коскарова, претставник на Стопанската комора во Мајами, се изнесуваат факти за значењето и за реномето што го има Стопанската комора во САД преку добивањето виза за нејзиниот престој во Америка врз основа на препораката од претседателот на […]

Јанкоски во „Бизнис клуб“: Потребна е поголема афирмација на успешните македонски бизнисмени


Во премиерната епизода на подкастот „Бизнис клуб“ претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески разговара со Иво Јанкоски, сопственик на продукциската куќа „Трето уво“, човек кој остави траен белег во македонската култура и музичка индустрија. Во разговорот Јанкоски, кој воедно е креатор и продуцент на серијалот „Бизнис клуб“, посочува дека подкастот е создаден […]

Започна поткастот „Бизнис клуб“ со Бранко Азески


Стопанската комора на Северна Македонија започна со поткастот „Бизнис клуб“, најновата иницијатива на претседателот Бранко Азески. Оваа платформа е креирана со цел да отвори нови хоризонти за размислување, да поттикне дијалог за актуелните економски предизвици и да ги приближи искуствата од реалниот сектор до пошироката јавност. Првата епизода веќе е достапна на YouTube каналот на […]

Нов бизнис поткаст „Бизнис клуб“ на Стопанската комора од утре на Јутјуб каналот


 Сузбивањето на корупцијата и сивата економија, брзата гасификација на државата, ликвидноста на стопанството, инфраструктурата и регулирањето на електронските медиуми се главни предизвици со кои се соочува стопанството последните десеттина години, заклучи денеска претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески. По промоцијата на нов бизнис подкаст и бизнис публикациите „Стратешки документи на Комората“ и […]