Во Битола се гради памп трак – полигон за велосипеди


На површина од 900 квадратни метри, Општина Битола почна изведба на „Памп трак”, полигон за велосипеди што ќе биде лоциран во градскиот парк, во близина на за битолчани познатото „Ќумурно” игралиште. Станува збор за адреналинска патека која вклучува континуирана патека од нагорнини и надолнини околу кои велосипедистите можат да возат велосипеди, скејтборди, ролери и друго. […]