Ковачевски на пуштање во употреба на патот Битола – Меџитлија


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува на пуштањето во употреба на рехабилитираниот регионален пат Битола-Меџитлија. Како што најавија од владината прес-служба, покрај премиерот, во Битола ќе присуствуваат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, како и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Делницата Битола – Меџитлија стана пат на смртта, жителите на Кравари гневни


  БИТОЛА – Две жртви во сообраќајни несреќи во последните десет дена, момче на 26 години и маж на 42 години, но и за влакно избегната сообраќајна трагедија во која ќе настрадаа 17 ученици го вклучи алармот на жителите на битолското село Кравари јавно да бараа поголема сообраќајна безбедност на обновениот патот Битола – Меџитлија. […]

Втора жртва за неколку дена на обновениот пат Битола – Меџитлија


  БИТОЛА – Почина 26 годишното момче од село Кравари кое пред една недела возејќи мотор доживеа тешка сообраќајка на патот во обнова Битола – граничен премин Меџитлија. Ова е втора жртва на патот за период од десет дена, откако на 16 септември во вечерните часови, 42-годишен маж излета со возилото од коловозот и почина […]

Додека се обновува патот Битола-Меџитлија стана опасен за движење


  БИТОЛА – Рехабилитацијата на патот Битола-граничен премин Меџитлија уште не завршена однесе една жртва во последните две недели, а брои уште неколку сообраќајки. Обновата на патот која битолчани ја чекаа речиси четири децении, сега се споменува по трагични вести и сообраќајки (четири во последниве две недели), па битолчани на социјалните мрежи предупредуваат на опасностите […]

Во почетокот на октомври ќе се вози по обновениот пат Битола-Меџитлија


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на изградбата и асфалтирањето на регионалниот пат Битола – граничен премин Меџитлија. Според министерот Бочварски патниот правец Битола-Меџитлија е многу значаен патен правец и затоа се врши рехабилитација на повеќе од 12 километри. […]