Битиќи: Свесни сме дека мора да има одредено покачување на цената на струјата, но да биде колку што е можно поблаго


Можното зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за електричната енергија од 5 на 10 отсто од 1 јануари идната година е само една од ставките во конечната цена која ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), но далеку сме се уште од тоа да ги согледаме сите параметри, а РКЕ да […]

Битиќи во посета на РЕК Битола, производството на АД ЕСМ 100 проценти ги задоволи потребите за струја на домаќинствата


Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи беше во посета на РЕК Битола, каде заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски одржаа работен состанок со раководството и дел од производните единици, а го посетија и рудникот „ПЈС“ или поранешен „Суводол“, соопшти владината прес-служба. […]

Годинава инфлацијата ќе биде 11,6 проценти, вели Битиќи


  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека се предвидува инфлацијата до крајот на годината да биде 11,6 отсто. Информира дека Владата вчера разговарала да интервенира со цел да го прекине зголемувањето на цените, а една од можните мерки е сите производствени капацитети, особено од прехранбената индустрија, да влезат на регулираниот пазар со […]

Битиќи во „Кромберг и Шуберт“: Секој што ќе инвестира, ќе биде поддржан


  Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска во Битола потпиша нов договор за државна помош со „Кромберг и Шуберт“ која е според Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Во изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи истакна дека станува збор за трет договор кој го потпишуваат со „Кромберг и Шуберт“ и како што […]

Битиќи: Препораките за штедење се совети и не се насочени кон УПОЗ или кон некој лично


  Владините мерки и препораки за намалување на расходите на буџетските корисници не се насочени кон УПОЗ, ниту се однесуваат кон некого лично. Во нив се дадени совети што треба да направат институциите од централната и локалната власт, јавните претпријатија и акционерските друштва, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Одговорајќи на новинарско прашање […]

Инвеститорите на тркалезна маса со Битиќи, енергетиката и инфраструктурата во фокусот


  Енергетиката и инфраструктурата, поддршката на инвеститорите во слободните економски зони, пазарот на труд, како и царинските и даночните прашања, беа теми на тркалезната маса што ја организира Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија заедно со Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори и Американската стопанска комора АмЧам. Тркалезната […]

Битиќи се сретна со новата претставничка на УСАИД, Џери Дајбл


Вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска имаше средба со в.д. шефот на мисијата во амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Ерик Мејер и новата претставничка на канцеларијата на УСАИД во земјава, Џери Дајбл на која разговараа за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка. Преку УСАИД – Агенцијата за меѓународен развој на САД, досега […]

Битиќи: Средните стручни училишта столбови за развој на образованието


Над 90 отсто од невработените во земјава се функционално неписмени или нефункционално писмени, а 63 отсто од нив се без основно или незавршено основно образование. Ова е фактичката состојба, ова е кадарот кој жедниот пазар за труд не може да го впие зашто е несоодветен. За ова мора да зборуваме, ова е децениски проблем и […]

Околу 700 илјади Македонци живеат надвор од државава, откри ОЕЦД


  Околу 700 илјади Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ и околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја, истакна Анита Рихтер, раководител на одделот за Југоисточна Европа на […]

Битиќи: Клучните причини за миграцијата доаѓаат од недовербата во институциите


Од 2011 до 2019 година од нашата држава се одлеале 700 илјади наши сограѓани или скоро секој четврти заминал од државата. Иако тој тренд се намалил во ковид периодот, за жал, тоа претставува сериозен проблем, не само за носителите на јавни функции и за креаторите на политиките туку за целото општество, вели вицепремиерот за економски […]

Усогласување на платите со линеарно зголемување не е решение, порача Битиќи


Усогласување со одредено линеарно зголемување не е решение. Ние сакаме да дефинираме методологија за зголемување на платите во јавниот сектор која ќе биде базирана на продуктивност и ефикасност, како што тоа го бараме во приватниот сектор, а секако и со нов закон за плати во јавнот сектор, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На […]

Битиќи: Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има


 Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата за миграција на работна сила, Битиќи информира дека е обезбеден и гас. -ЕСМ и „Адора“ влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Се што е возможно ќе […]

Битиќи: Да гледаме кон регионалната конкурентност, наместо кон регионалната конкуренција


  Нашиот поширок регион треба да работи на приближување на синџирот на снабдување до границите на Европската унија. Бидејќи далечните пазари за снабдување се покажаа неодржливи, треба да гледаме кон регионалната конкурентност, наместо кон регионалната конкуренција, да создадеме пазар што ќе ги компензира производите што доаѓаат од тие далечни земји и ќе стане силен и […]

Битиќи, Азески и Хоџа на Бизнис форум во Хрватска


  Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе присуствува и ќе се обрати на Бизнис форум со Стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска. Бизнис форумот го организира Хрватската стопанска комора, а ќе учествуваат и претставници од Македонските стопански […]

Следната недела ќе се знае од каде и по која цена ќе се набавува струја


  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека следната недела е клучна кога би требало да се знае од каде ќе се набавува електрична енергија. – Има позитивни сигнали. Наредната недела ќе имаме конкретни сознанија што е тоа што можеме да го понудиме на стопанството, рече Битиќи во изјава за медиумите дадена по […]

Сè додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија, вели Битиќи


  Сè додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со почетокот на грејната сезона во главниот град. Согласно законот, како што посочи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за […]

Собранието расправа за кризната состојба, Битиќи најавува антикризни мерки


 Во Собранието на Република Северна Македонија попладнево продолжи седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која на дневен ред се предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на […]

Битиќи: Кризната состојба ќе овозможи креирање механизми за справување со кризата


  Имаме доволно аргументи за да побараме шест месеци период на енергетска криза, бидејќи сметам дека граѓаните заслужуваат соодветно да бидат испочитувани со соодветни мерки за најмалку да ја почувствуваат кризата, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на собраниската комисиска расправа по владиниот предлог да продолжи кризната состојба до 30 април 2023 година. Според […]

Битиќи: Соработката и солидарноста е патот во справување со климатските промени


  Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на Втората конференција за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд, што од денеска до четврток се одржува во Инчеон, Република Кореја. – Не е само енергетската криза што влијае на повеќето економии на земјите во Европа, туку се […]

Битиќи: Сите да помогнат за надминување на енергетската криза


  Сите да се однесуваме разумно и секој кој има можност да влијае кон тие кои можат да помогнат врз состојбата со енергетската криза, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при денешната посета на Струмица. Во одговор на новинарско прашање  вицепремиерот рече дека ја разбира загриженоста на стопанството поради високата цена на струјата […]